Светилник Винга

(Пренасочено од Светилникот Винга)

Светилникот Винга е Шведски светилник на островот Винга. Денешниот светилник бил изграден во 1890 година, Винга бил значаен остров за морнарите долго пред тоа. Овој светилник е трет изграден на островот. Тој е еден од најпознатите светилници во Шведска и посебен симбол за градот Гетеборг.

Светилник Винга

Историја

уреди

Првата кула била изградена во 1841 година,а таа била првиот шведски светилник со леќа. Втората била изградена во 1854 година за да го направи Винга „двојно светло“, бидејќи имало поплаки дека е тешко да се направи разлика помеѓу светилникот во Скаген, Данска и Винга, Шведска, од далеку. Пламенот течел на масло од колаца. Во 1880-тите, потребата за подобар и повисок светилник била итна и во 1890 година бил изграден новиот светилник, тој работел на парафин. Светилникот на вториот бил отстранет и бил претворен во караула (црвената и сивата кратка кула на сликата). Првиот светилник бил срушен и остана само темелот.

Во 1948 година, кулата била електрифицирана, а во 1974 година била автоматизирана. Сега е далечински управуван од Шведската поморска управа, која сакала да го деактивира светилникот во 2007 година, бидејќи на комерцијалниот превоз повеќе не му требал. Предлогот наиде на големо противење и од 2015 кулата е сè уште активна.

Станицата Винга има и карактеристична црвена пирамида, дневен светилник, во непосредна близина на кулата. Изградена е во 1857 година.

Културно значење

уреди

Денес, светилникот Винга е популарна туристичка атракција, а во текот на летото често има тури со водич на островот. Шведскиот поет и музичар Еверт Таубе кој бил син на еден од чуварите на светлината. Роден во истата година (1890) бил изграден третиот светилник,а тој таму го поминал своето детство. Светлината што свети од светилникот Винга се споменува и во песната ,,Танцувајте на мостот Брано" .

Надворешни врски

уреди