Сања Томашевиќ
Сања Томашевиќ (родена на 3 јуни 1980 година) е поранешна српско-американска одбојкарка и актуелен главен тренер на женскиот одбојкарски тим на државата Аризона.
Приватен живот
уредиТомашевиќ е родена во Србија. Таа го добила своето американско државјанство во март 2021 година.[1]
Играчка кариера
уредиТомашевиќ играла професионална одбојка во Србија пред да се приклучи на одбојкарскиот тим на Универзитетот во клубот на Вашингтон Хаскис. На крајот од нејзината кариера во 2005 година, таа била двократен најдобар играч на годината. Томашевиќ го предводела тимот на Хаските до четири настапи на НЦАА турнири, вклучувајќи го и Државното првенство на НЦАА во 2005 година и две титули во конференцијата Pac-10. Дополнително, таа била прогласена за играч на годината на конференцијата во 2005 година. Томашевиќ ја завршила својата клупска кариера како најдобар играч на сите времиња за тимот на Вашингтон и тоа во категоријата на поени (2.159,5), од напад (1.795) и од сервис асови (156). Таа била една од само петте играчи во историјата на популарните Хаски кои забележале 1.000 поени од напад и 1.000 поени од блокови.[2] Дипломирала на универзитетот во Вашингтон во 2006 година со диплома за комуникации.
Во октомври 2016 година, Томашевиќ била само втората индивидуална одбојкарка која била примена во Куќата на славните на тимот на Вашингтон Хаски.[3]
По нејзината играчка кариера во Вашингтон, таа настапувала играјќи професионална одбојка во неколку други земји, вклучувајќи ги Грција, Порторико, Италија, Азербејџан и Швајцарија.
Тренерска кариера
уредиТомашевиќ започнала со својата тренерска кариера во 2012 година на Универзитетот во Тексас-Сан Антонио. Во нејзината прва сезона како помошник тренер/координатор за регрутирање, таа им помогнала на популарните УТСА Роудранерс да постигнат резултат од 21-9 и 13-5 во Западната лигашка конференција . Со тој резултат нејзиниот тим се пласирал на второто место и поради тоа играле во полуфиналето на турнирот ВАЦ.[4]
Откако поминала две сезони во клубот на УТСА, таа била именувана во 2014 година за помошник тренер на женскиот одбојкарски тим на Мајами ураган. Томашевиќ му помогнала на новиот тим во 2014 година да стигнат до турнирот NCAA и тоа по шести пат последователно. Клубот, кој ја завршил сезоната со резултат од 22-9, стигнале до второто коло на турнирот NCAA пред да испаднат од осмиот тим на Флорида и тоа во четири сета. Имала голема заслуга за развојот на сите американски одбојкарки во тимот.[5]
Пред да биде именувана за главен тренер на државата Аризона во декември 2016 година, таа работела како координатор за избор на нови одбојкарки. Во тој период била и привремен тренер на екипата.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „ASU volleyball coach Sanja Tomasevic becomes U.S. citizen“.
- ↑ „ASU Sun Devils Coaching Profile“.
- ↑ „UW Announces 2016 Husky Hall of Fame Class“.
- ↑ „UTSA Coaching Profile“. Архивирано од изворникот на 2021-11-14. Посетено на 2022-01-26.
- ↑ „Miami Hurricanes Profile“.