Салии (латински: Salii) — свештеници на богот Марс во Стариот Рим. Во определени прилики, тие трчале низ градот и изведувале посебна игра (латински: tripudium) при што со копје удирале во штитот (латински: ancile). Поворката која се одржувала во март траела десет дена, а секоја вечер се служила богата гозба во која учествувале свештениците и другите учесници во свеченоста. Овие гозби биле познати како Салиски гозби (латински: Saliares dapes).[1]

Портрет на фламен, музеј Лувр, Париз,

Наводи

уреди
  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 224-225.