Рута (библиска книга)
Рута или Рут — книга од Стариот завет.
Содржина
уредиВо времето кога со потомците на Израилот раководат судиите владее голем глад, така што Елимелех од Витлеем, заедно со сопругата Ноемина и со двајцата сина, го напуштаат градот и се населуваат во полето. Набргу, Елимелех умира, а синовите се женат, но потоа и тие умираат. Тогаш, Ноемина им дозволува на снааите да се вратат во своите домови, но едната од нив, Рута, одлучува да се врати во Витлеем, заедно со свекрвата. Таму е во тек жетвата, а Рута работи на нивите на Воз, роднината на Елимелех. Воз постапува добро со Рута, иако таа е придојдена во нивниот род. По наговор на Ноемина, Рута му се нуди на Воз, но тој го почитува редоследот на наследувањето и неа му ја нуди на друг човек кој е во поблиско сродство со Елимелех. Дури откако тој одбива да се ожени со Рута, Воз ја зема неа за жена при што го наследува и имотот на Елимелех. По некое време, Рута раѓа син кого го одгледува Ноемина. Синот се вика Овид — дедото на идниот цар Давид.[1]
Наводи
уреди- ↑ Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 296-299.