Ромски музеј на Гордон Босвел

музеј во англија

Ромски музеј на Гордон Босвел (англиски: Gordon Boswell Romany Museum) — музеј посветен на животното дело на Гордон Босвел (починал на 27 август 2016),[1] кој собрал збирка од артефакти, фотографии и неколку примери од ромскиот вагон Вардо.[2][3][4][5] Музејот исто така располага со неколку превозни средства коишто не се ромски, вклучувајќи и погребна кола прдвижувана од коњ. Сместен е во Спалдинг во Линколншир, Англија.

Ромски музеј на Гордон Босвел
Карта
Основан25 февруари 1995 (1995-02-25)
МестоСпалдинг, Линколншир, Англија
Координати52°46′21″N 0°08′35″W / 52.77238° СГШ; 0.14314° ЗГД / 52.77238; -0.14314
Типмузеј
Мреж. местомрежно место

Заднина

уреди

Изградбата на мостови за неромското население била традициона во Босвеловото семејство. Неговиот прадедо бил важен извор на информации за ромските обичаи и јазик за викторијанските академици, меѓу кои и Џорџ Бороу. Босвеловиот татко Силвестер во 1970 година го објавил автобиотграфското дело „Кника на Босвел (англиски: The Book of Boswell),[6] во којашто е опишан ромскиот живот. Гордон Босвел постепено собирал вагони, коли и други артефакти за ромскиот живот низ годините. Музејот во коишто овие предмети се изложени бил отворен на 25 февруари 1995 година.[7]

Пристап

уреди

Музејот е отворен во петок, сабота, недела и банкарските празници во периодот од Велигден до крајот на октомври секоја година. Пристап е овозможен до сите изложени предмети и за лицата со посебни потреби. Влезот е бесплатен. Музејот користи еден од вагоните за организирани обиколки на околната крајбрежна рамнина Фенланд.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Harrison, Lynne (6 September 2016). „Funeral for man who touched many lives“. Lincolnshire Free Press (Print version). стр. 7.
  2. „The Museum's own web site“. Архивирано од изворникот на 2019-07-03. Посетено на 2021-04-04.
  3. „Gordon Boswell Romany museum“. Culture 24. Department of Educartion. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 1 мај 2013.
  4. „Gordon Boswell * Museum*“. Romany Jib. Архивирано од изворникот на 5 May 2010. Посетено на 1 мај 2013.
  5. „Boswell museum“. My Learning. Архивирано од изворникот на 21 мај 2013. Посетено на 1 мај 2013.
  6. Boswell, Sylvester (1970). The Book of Boswell. Penguin.
  7. „Fitting send-off for 'great ambassador' of Romanies“. Spalding Guardian. 15 September 2016. стр. 7. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 2021-04-04.
  8. „Gordon Boswell Romany Museum“. Lincolnshire county council. Архивирано од изворникот на 5 May 2013. Посетено на 1 мај 2013.

Надворешни врски

уреди