Розова магла (филм)
Розова магла (англиски: Purple Haze) е филм, комедија-драма, снимен во 1983 за Мет Колфилд, студент на колеџ кој е избркан поради пушење на канабис и набргу е пратен во Виетнам, летото 1968 година.
Дејствие
уредиФилмот започнува во универзитетот во Принстон, 1968, каде што Мет Колфилд и неговите пријатели гледаат телевизија. Таму, тие сведочат на изјавата на претседателот Линдон Б. Џонсон кој информира дека нема да се повлече на изборите кои следат. Откако ги слушнале овие вести, Мет и неговите пријатели прославиле пушејки марихуана. Едно примерно дете од соседната соба е вознемирено поради недоличното однесување на соседите па откако им кажал да прекинат со викањето, поради што тие го исфрлиле надвор, тој ја повикува полицијата. За неколку минути, Мет и неговите цимери се фатени како пушат марихуана и се отпуштени од колеџот. Мет се враќа дома кај неговото семејство каде што се справува со неколку проблми пред да исплови за Виетнам.
Музика во филмот
уреди„Розова магла“ изгледа е најдобро запаметен по неговите песни кои главно содржат рок-музика од втората половина на 1960-тите.
- „When I Was Young“ од The Animals
- „For What It's Worth“ од Buffalo Springfield
- „Expecting To Fly“ од Buffalo Springfield
- „I Feel Free“ од Cream
- „So You Want to Be a Rock 'n' Roll Star“ од The Byrds
- „I-Feel-Like-I'm-Fixin'-to-Die Rag“ од Country Joe & The Fish
- „Eight Miles High“ од The Byrds
- „Magic Carpet Ride“ од Steppenwolf
- „White Rabbit“ од Jefferson Airplane
- „Embryonic Journey“ од Jefferson Airplane
- „A Whiter Shade Of Pale“ од Procol Harum
- „A Salty Dog“ од Procol Harum
- „Runaway“ од Del Shannon
- „Everyday People“ од Sly & The Family Stone
- „Darkness, Darkness“ од The Youngbloods
- „Get Together“ од The Youngbloods
- „Purple Haze“ од The Jimi Hendrix Experience
- „Foxey Lady“ од The Jimi Hendrix Experience
- „Are You Experienced?“ од The Jimi Hendrix Experience
- „The Star-Spangled Banner“ од The Jimi Hendrix Experience