Розова Долина - област во Бугарија која се наоѓа јужно од Стара Планина и северно од Срнена Средна Гора. Своето име го добила во средината на XIX век заради традицијата за одгледување на маслодајна роза.

Розовата Долина крај с. Розино
Розови насади, почетокот на XX век

Во „Долината на розите“ секоја година во првите дни на јуни се одбележува Празникот на розата.

Во градот Казанлак, кој се смета за престолнина на Розовата Долина, е изграден историско-етнографскиот комплекс „Кулата“, каде туристите можат да посматраат примитивно варење на розите и да пробаат од производите од маслодајната роза. Таму се наоѓа и специјализираниот Музеј на розата.

Географско местоположба

уреди

Се состои од 2 речни долини – долината на Стрјама (на запад) и долината на Тунџа (на исток), соодветно Карловоската и Казанлашката Котлина.

Туристичка карта на Бугарија

уреди

Според обновената во 2015 година Туристичка карта на Бугарија[1] областа „Розова Долина“ се состои од 19 општини: Антон, Гурково, Златица, Казанлак, Карлово, Копривоштица, Мирково, Маглиж, Николаево, Павел Бања, Панаѓуриште, Пирдоп, Сливен, Сопот, Стрелча, Тврдица, Хисарја, Чавдар и Челопеч.

Розови насади

уреди
 
Розобер во 1870 година

Уште пред ослободувањето, во Бугарија имало околу 10 000 хектари насади и количеството произведено розово масло достигнало до 1.000 килограми годишно. Најголеми површини се засадени и се одгледувале околу Првата светска војна - околу 90 000 хектари. Во повоените години розовите полиња биле намалени за две третини. По големата криза во 30-тите години на минатиот век розовите насади се речиси уништени. По завршувањето на Втората светска војна, владата донесува државна политика за обнова и развој на розовите градини во Розовата Долина. Во 1800 година е документиран почетокот на производството на розово масло во гр. Клисура [2]. Најголема популарност на производител на розово масло Бугарија добива на крајот на XIX и почетокот на XX век, кога парфимерија, козметиката и фармацијата го откриваат како незаменлива состојка на производите кои ги произведуваат. Долината на розите ги опфаќа трите големи розопроизводителни центри - Карлово, Казанлак и Калофер, а неколку големи фамилии - Шипкови, Кидови и Бончеви се главни розопроизводители и трговци на розово масло. По воведувањето на комунистичкиот режим овие фирми престануваат да функционираат[3].

Бугарско розово масло

уреди

Долината е позната по одгледувањето на рози за индустриска намена и е меѓу симболите на Бугарија. Со векови се одгледува сортата Rosa damascena. Од неа, со дестилација и други процеси, се добива розово масло кое наоѓа широка примена во фармацијата, козметичката индустрија, и др.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Туристическа карта на Бугарија
  2. История на розовоата промишленост[мртва врска]
  3. „История на розопроизводството“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-22. Посетено на 2017-04-25.

Надворешни

уреди