Рогат оклопник

(Пренасочено од Рогат армадил)
Рогат оклопник
Период: олигоцен - миоцен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Надред: Чуднозглобни
Ред: Оклопни чуднозглобни
Семејство: Оклопници
Род: Peltephilus
Вид: P. ferox

Рогат оклопник (науч. Peltephilus ferox) е праисториски оклопник од групата на чуднозглобни цицачи што живеел во Аргентина во олигоценот, а изумрел во миоценот. Лушпите на главата преоѓале во рог што служел за да ги штити очите. Заедно со рогатиот мрмот од Северна Америка, ова е единственото рогато животно што копа под земја.[1]

Рогатиот оклопник уште поодамна се смета за месојад поради големите триаголни заби, но во 1997 е предложено дека може да бил тревопасен.[2]

Наводи

уреди
  1. Palmer, D., уред. (1999). The Marshall Illustrated Encyclopedia of Dinosaurs and Prehistoric Animals. London: Marshall Editions. стр. 208–209. ISBN 1-84028-152-9.
  2. Vizcaino, S. F., & R. A. Farina (1997), Diet and locomotion of the armadillo Peltephilus: a new view. Lethaia, 30, 79-86.