Робелов (замок)

(Пренасочено од Робелов замок)

Замокот Робелов (шведски: Råbelövs slott) е стара куќа во општината Кристијанштад во Сканија, Шведска.[1]

Замокот Рубелав. Сликата е направена од мене, 9 октомври 2005 година
Замокот Робелoв

Историја

уреди

Ингеборг Кјелдсен Крогнос се смета дека е најстарата позната сопственичка на имотот некаде во 1300-тите години. Имотот бил продаден во 1616 година на данскиот советник и воен комесар во Сканија Кристофер Улфелд (1583-1653) кој ја изградил главната зграда во 1637 година. Имотот го наследил неговиот син Ебе Кристоферсен Улфелд (1616-1682) во 1663 година. По смртта на Улфелд во 1682 година, Робелав го предал на својот зет, шведскиот воен офицер Карл Густаф Скајт (1647-1717). Во 1782 година, имотот изгорел и главната зграда била сериозно оштетена. Подоцна биле изградени целосно нови згради.[2] [3] Имотот денес е во приватна сопственост на семејството Мареј.

Наводи

уреди
  1. „Råbelöv“. algonet.se. Архивирано од изворникот на 2009-04-14. Посетено на September 1, 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Christoffer Ulfeldt“. Dansk Biografisk Leksikon. Посетено на September 1, 2020.
  3. „Ulfeldt“. Nordisk familjebok. Посетено на September 1, 2020.

 

Надворешни врски

уреди