Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Ри Чун Хи (исто така романизирано како Ri Chun Hee (Ри Чун Хи) или Ri Chun Hui (Ри Чун Хуи)[1] [ɾi tsʰun çi]; родена на 8 јули 1943 година) — севернокорејска водителка на вести за севернокорејскиот телевизиски оператор Корејска централна телевизија. Таа е најзабележителна по нејзиниот карактеристичен емотивен, а понекогаш и витриоличен тон, опишан како „страстен“, „нејасно заканувачки“ и „агресивен“.[2] Таа го најавила своето пензионирање во 2012 година, но сепак повремено ги води вестите за големите случувања.

Ри Чун Хи
Страницата Предлошка:Nobold/styles.css нема содржина.리춘희
Родена 8 Јули 1943 (79 год.)

Тонгчон, Гагнвон, Јапонска Кореа

Citizenship Северна Кореја
Алма матер Пјонгјанг Универзитет на Театар и Филм
Активни Години 1971-сегашност
Работодавач Корејска Централна Телевизија
Позната како Презентер за КЦТВ
colspan="2" class="infobox-header" style="background-color:
  1. b0c4de;" |Корејско име
Чосон'гул
리춘희
Ханча
Ревизирана Романизација Ri Chun(-)hui
МкКун-Реишаур Ri Ch'unhŭi

Ран живот и образование

уреди

Ри е родена во 1943 година во сиромашно семејство во Тонгчон во Гангвон, јапонска Кореја. Ри студирала перформативна уметност на Универзитетот за театар и филм во Пјонгјанг и била регрутиран како презентер на вести од КЦТВ.[3][4]

Кариера

уреди

Ри започнала да работи пред телевизискиот екранот февруари 1971 година,[4][5] станала главен презентер на вести на КЦТВ и постојано била на екранот од средината на 1980-тите.[2] Нејзината кариера била единствена по својата долговечност; додека многумина во КЦТВ биле отстранети, нејзината кариера никогаш не била прекината.[2] Кога го објавила своето пензионирање во јануари 2012 година, таа изјавила за кинеските медиуми дека ќе работи зад сцената и ќе тренира нова генерација на презентери.[6] Британскиот „Дејли телеграф“ коментирал дека и е „доверено објавување на големи моменти од севернокорејската историја“.[7] Американскиот новинар и писател Боб Вудворд ја нарекувал севернокорејскиот Волтер Кронкајт во неговата книга од 2018 година Страв: Трамп во Белата куќа.[8]

Ри излегла од пензија за да објавува големи вести. Таа го објавила тврдењето на Северна Кореја дека извршила детонација на Х-бомба во јануари 2016 година[9] и пуштањето на ракета во февруари 2016 година.[10] Таа, исто така, објавила дека ќе има јадрени тестови од септември 2016 година,[11] септември 2017 година[12] и ракетниот тест во ноември 2017 година.[13] Подоцна, таа го објавила запирањето на севернокорејските јадрени и меѓуконтинентални балистички испитувања во април 2018 година[14] и самитот во Сингапур меѓу Ким и Доналд Трамп во јуни 2018 година.[7] На 15 април 2018 година, Ри прочитала извештај во кој сопругата на Ким Џонг-ун, Ри Сол-џу, за првпат била именувана како „Прва дама“.[15][16]

Во 2022 година, Ким им подарил луксузни куќи на Ри и други севернокорејски елити. Ри била раскажувачка на видео на државните медиуми во кое Ким ѝ прави обиколка на нејзиниот нов дом во Пјонгјанг.[17]

Стил

уреди

Ри била високо признаена од севернокорејскиот режим за нејзиниот силен глас, импресивното расположение и извонредната елоквентност. Таа е позната по нејзиниот мелодраматичен стил на објавувањето на вестите. Таа често зборува со поколеблив, бурен тон кога ги пофалува лидерите на нацијата, и обратно, со видлив гнев кога ги осудува нејзините непријатели. Според Брајан Рејнолдс Мајерс, професор на Универзитетот Донгсео и експерт за севернокорејска пропаганда, нејзината обука за драма добро и служела, со оглед на шоуменството кое е типично за севернокорејското емитување.[3]

Кога ја објавила официјалната објава за смртта на Ким Ил-сунг во 1994 година, Ри видно плачела за време на емитувањето. Исто така, кога ја објавила смртта на Ким Џонг-ил во 2011 година, се гледало дека ги задржува солзите.[18] Ри вообичаено се појавува облечена во розев костум во западниот стил или во традиционален корејски џосон-от.[11] Таа го носи прекарот „Розева дама“ и „Дама на Севернокорејските Вести“.[19]

Наводи

уреди
  1. Makino, Yoshihiro (16 December 2011). „North Korea's 'People's broadcaster' missing“. Asia & Japan Watch. Asahi Shimbun. Архивирано од изворникот на 8 May 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 Madden, Michael (2010). Bermudez, Joseph S., Jr. (уред.). „Ri Chun Hui“ (PDF). KPA Journal. 1 (10): 4–5. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 January 2011.
  3. 3,0 3,1 Werman, Marco; Strother, Jason (8 December 2009). „The voice of North Korea“. The World. Public Radio International. Архивирано од изворникот на 18 June 2013.
  4. 4,0 4,1 „북성명 때마다 '전투적인 그녀'. The Chosun Ilbo (корејски). Seoul. 16 April 2008. Архивирано од изворникот на 22 March 2015.
  5. Herskovitz, Jon; Kim, Christine; Popeski, Ron (18 November 2009). „The face that launched a thousand North Korean tirades“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2 January 2016.
  6. „Архивиран примерок“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 2017-11-01.
  7. 7,0 7,1 Smith, Nicola; Riley-Smith, Ben (11 June 2018). „North Koreans finally told about Kim Jong-un's Singapore summit with Trump“. The Telegraph.
  8. Woodward, Bob (2018). Fear: Trump in the White House. Simon & Schuster. стр. 91. ISBN 978-1-5011-7553-4. on September 9, 2016, ... North Korea had detonated a nuclear weapon ... Seismic monitors had instantly revealed that the vibrations recorded were not caused by an earthquake. ... Dispelling any doubt, North Korea's 73-year-old female version of Walter Cronkite, Ri Chun-hee, appeared on state-controlled television to announce the test.
  9. „Famed N. Korean newscaster comes out of retirement to anchor story on purported H-bomb detonation“. Women in the World in Association with The New York Times - WITW. 6 January 2016. Архивирано од изворникот на 16 January 2016. Посетено на 6 January 2016.
  10. Demetriou, Danielle (7 February 2016). „North Korea launches missile in defiance of UN sanctions“. Telegraph.co.uk. Архивирано од изворникот на 7 February 2016. Посетено на 7 February 2016.
  11. 11,0 11,1 „What we know about Ri Chun-hee, the most famous woman in North Korea“. BBC Newsbeat. 9 September 2016. Архивирано од изворникот на 9 September 2016. Посетено на 9 September 2016.
  12. Ji, Dagyum; Hotham, Oliver (3 September 2017). „North Korea announces successful test of hydrogen bomb“. NK News. Архивирано од изворникот на 3 September 2017. Посетено на 3 September 2017.
  13. „North Korea says new missile puts all of US in striking range“. BBC News. 29 November 2017. Архивирано од изворникот на 29 November 2017. Посетено на 29 November 2017.
  14. „North Korea 'suspends' missile and nuclear tests“. www.msn.com. Посетено на 2018-04-21.
  15. „Kim Jong-un elevates wife to position of North Korea's first lady“. The Guardian. Seoul. Agence France-Presse. 2018-04-19. Посетено на 2018-04-19.
  16. „Ri Sol Ju Attends Chinese Ballet Performance | North Korea Leadership Watch“. www.nkleadershipwatch.org. Посетено на 2018-07-27.
  17. „Kim gives North Korea's most famous newscaster a luxury home“. AP NEWS (англиски). 14 April 2022. Посетено на 14 April 2022.
  18. Harris, Elizabeth A.; Mackey, Robert (19 December 2011). „The Lede: On North Korean State Television, News of the Leader's Death and Floods of Tears“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 15 September 2015.
  19. Perper, Rosie. „North Korean state media's most famous announcer is a 74-year-old grandmother who Trump said should be on US cable news“. Business Insider (англиски). Посетено на 2022-04-14.

Дополнителна литература

уреди