Ритмично
Ритам во ката (карате)
уредиСлично како и со другите компоненти на катата, како што се времето и секвенцата, ритамот е специфичен за секоја ката. Способноста да се изведе катата со соодветен ритам е чекор понапред кон разбирањето на значењето и суштината на катата. Во катата се присутни различни комбинации на ритамот за да се отслика борба против вистински противник. Ритамот на катата зависи од бројот на техниките кои ја формираат катата како целина. Ако некои две техники (пример: Gedan barai проследен со Chudan oi zuki), како што се првите во Heian Shodan, формираат една целина, ритамот за нив ќе биде еден-два. Доколку пак три техники формираат една целина ритамот за нив ќе биде еден-два-три итн. Кога ќе се зададе силен удар на замислениот противник, вообичаено е да се застане да се направи пауза за да се изготви стратегија за одбивање на следниот напад на замислениот противник. Тоа е една од суштинските работи за да биде катата изведена во правилен ритам. Брзање при изведувањето на катата е многу актуелно во денешно време. Евидентно е дека брзината на изведбата на одбраните кати од страна на G. Funakoshi и M. Nakayama, споредена со брзината на изведувањето на истите кати на денешните натпревари, е многу различна. Ова сигнализира промени, не само во концептот на тренирањето туку и недостаток во правилната изведба на катата.
Наводи
уредиБиомеханичка структура на карате елементи од групата Хеиан кати и нивна оптимална методска поставеност - Магистерски труд, Благојче Ј. Андреевски, јуни 2005, Скопје.