Ристо Шулески
Ристо Јончев Шулески (1916 во Оздолени, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиРисто Јончев Шулески е роден во селото Оздолени. Се занимавал со земјоделие. Во НОБ доброволно пристапил на 3 август 1943 година. Како борец на првиот македонски баталјон, Мирче Ацев, загинува во борбите против балистите кај селото Кленоец, на 6 октомври 1943 година.[1]