Римско ракописно писмо

(Пренасочено од Римски курзив)

Римско ракописно писмо или римски курзив (може и римско курзивно писмо) е вид на ракописно писмо кое се користело во Стариот Рим и донекаде во средниот век. Ова писмо се дели на старо (античко) и ново ракописно писмо (курзив).

Реплика на стар римски ракопис заснован на Виндоландските таблици: „veni vidi vici/qui tabernam habet tabernarius est“ („дојдов, видов, победив/кој има дуќан е дуќанџија“)

Стар римски курзив

уреди

Големите букви кај стариот римски курзив или мајускул се исто така ракописни. Ова било секојдневното писмо и се користело за пишување на писма, трговски сметки, учениците го користеле учејќи ја латиницата, па дури царевите го употрребувале за издавање наредби. Поформалниот систем на пишување се засновал на римските големи букви, но курзивот бил побрз и понеформален. Се користел од ц. I век п.н.е. до III век, но веројатно постоел и од пред тоа; комичарот Плавт во неговото дело Псевдол (Pseudolus) во еден дел рапсрава за нечитливоста на ракописното (курзивно) писмо:

Calidorus: Cape has tabellas, tute hinc narrato tibi quae me miseria et cura contabefacit.

Pseudolus: Mos tibi geretur. Sed quid hoc, quaeso?
Calidorus: Quid est?
Pseudolus: Ut opinor, quaerunt litterae hae sibi liberos: alia aliam scandit.
Calidorus: Ludis iam ludo tuo?
Pseudolus: Has quidem pol credo nisi Sibylla legerit, interpretari alium posse neminem.
Calidorus: Cur inclementer dicis lepidis litteris lepidis tabellis lepida conscriptis manu?

Pseudolus: An, opsecro hercle, habent quas gallinae manus? Nam has quidem gallina scripsit.

Калидор: Земи го писмово, и преслушај се каква каква беда и грижа ме истрошуваат.

Псевдол: Ќе те удоволам. Но што е ова, ти се молам?
Калидор: Што е?
Псевдол: По мене, буквиве самите бараат деца: една врз друга.
Калидор: Се шегуваш со мене?
Псевдол: Навистина, жими Полукса сметам дека ако пророчицата не може да ги прочита буквиве, никој друг не може да ги разбере.
Калидор: Зошто зборуваш лошо за овие красни писма и таблици, напишани од една красна рака?

Псевдол: Жими Херкула ти се молам, дали дури и кокошките имаат вакви раце? Зошто токму кокошка ги има напишано ова.

(Plautus, Pseudolus, 21-30) (Плавт, Псевдол, 21-30)

Стариот римски курзив е тежок за читање за денешните читатели. Писмото користи многу лигатури, некои од буквите се нерепознатливи - „a“ изгледа слично како современото ракописно, „r“, „b“ и „d“ се речиси идентични, „e“ се состои од две исправени линии, „r“ и „t“ се многу слични, а „v“ личи на права линија напишана речиси како надзнак, наместо да стои на основата.

Нов римски курзив

уреди

Новиот римски курзив или минискул се развил од стариот римски курзив. Се користел од околу III до VII век, и користи букви попрепознатливи за денешниот читател; „a“, „b“, „d“, и „e“ се послични на денешните, а другите букви се меѓусебно пропорционални и не варираат по големина и поставеност на линијата. Ова писмо се корситело во царската канцеларија во доцноримско време и раниот среден век. Писмата унцијала и полуунцијала најверојатно се развиле од ова писмо; „a“, „g“, „r“ и „s“ се особено слични.

Според Јан-Олаф Тједер, новото римско ракописно писмо, покрај унцијалата, извршило влијание и врз сите други писма кои се користеле во средниот век.

Надворешни врски

уреди