Религија во Боливија
Религијата во Боливија ги опфаќа сите религиски групации кои опстојуваат во земјата. Боливија е католичка земја уште од шпанската колонизација на Јужна Америка.
Религиски заедници
уредиГолем дел од Боливијците се Католици, но се проценува дека мал дел активно се ангажирани во црковниот живот. По Вториот ватикански совет (1962-1965) Црквата се обидела да ја направи религијата поактивна во социјалниот живот. Според истражувањето на Americas Barometer, со можна грешка од +/- 1,8%, населението на Боливија е поделено на:[1]
религија | процент | белешки |
---|---|---|
Католичка црква | 81.6% | |
Евангелистичка црква | 10.3% | |
без религија | 3.3% | атеисти, секуларни лица |
Протестантска црква | 2.6% | Адвентисти, Баптисти, Калвинисти, лутеранци и др. |
Мормони и Јеховини сведоци | 1.7% | |
нехристијани | 0.4% | Бахаисти, Евреи, Муслимани, Будисти, Хиндуси |
Традиционални религии | 0.1% | староседелски религии |
Црквата и државата
уредиСпоред уставот на Боливија од 2009 година, Боливија е секуларна држава. Во минатото Боливија имала државна религија, каде Католицизмот бил официјална религија. Уставот на Боливија гарантира слобода на религиска определба и нема податоци за тоа дали владат врши опресија на малите религиски групации.
Нерелигиозни
уредиGallup во 2007 година спровел анкета во државата и меѓу прашањата било прашањето „Дали религијата е важна во вашиот живот?“ На ова прашање, 12% од испитаниците рекле дека не им е важна религијата.[2] Според истражувањето на Americas Barometer, 3.3% од испитаниците се изјасниле дека немаат религија.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Americas Barometer Survey 2008 - page 11“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-24. Посетено на 2012-11-13.
- ↑ GALLUP WorldView - data accessed on 17 january 2009
- ↑ „Americas Barometer Survey 2008“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-24. Посетено на 2012-11-13.