Редоследен алгоритам

Редоследен алгоритам или низен алгоритамалгоритам кој се извршува во информатиката последователно - еднаш, од почеток до крај, без да се извршува друга обработка - наспроти истовремено или напоредно. Поимот првенствено се користи за спротивност со истовремен алгоритам или напореден алгоритам; повеќето стандардни сметачки алгоритми се редоследни алгоритми и не се конкретно идентификувани како такви, бидејќи редоследноста е позадинска претпоставка. Конкурентноста и напоредноста се воглавно различни концепти, но тие често се преклопуваат – многу распространети алгоритми се и истовремени и напоредни – и затоа „редоследен“ се користи за спротивност со двата, без да се разликува кој од нив. Ако треба да се разликуваат, може да се користат спротивставените парови редоследни/истовремени и низни/напоредни.

„Редоследен алгоритам“ може да се однесува и конкретно на алгоритам за декодирање на конволутивен код.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „A Dictionary of Computing at Encyclopedia.com“.