Обработувачки регистар

(Пренасочено од Регистар (информатика))

Обработувачките регистри се мали единици во обработувачот за сместување на податоц во форма на битови, кон коишто обработувачот може да пристапи најбрзо во однос на било која друга меморија. Повеќето модерни компјутери работаат на принципот на преместување на податоците од компјутерската меморија во регистрите па повторно враќање назад кон меморијата. Значи тие се основните единици што ги користи обработувачот при извршувањето на својата работа.

Со напредокот во обработувачката технологија имаме и зголемување на регистрите така што денешните регистри содржат 64-битни информации.

Поделба на обработувачките регистри

уреди

Според нивната употреба или нивните одлики има многу различни поделби па ќе ги споменеме поважните:

  • Корисничко-пристапни регистри - како што кажува самото име до овие регистри има пристап секој корисник и најчесто се адресни или податочни регистри
  • Податочни регистри - се регистрите коишто служат за чување на податоци. Посебен регистер е акумулаторот кој служи и за аритметичко-логички операции со податоците.
  • Адресни регистри - се регистрите за зачувување на адреси со кои може директно да се пристапи кон меморијата.
    • Специјален случај на адресен регистер е "stack" покажувачот, кој покажува кон податочна структура од типот "stack" каде се чуваат податоци потребни при работата на обработувачот.
  • Регистри за општа употреба - се регистрите коишто имаат комбирана употреба за зачувување на адреси или пак за чување податоци.
  • Контролно-статусни регистри - се регистрите кои служат за зачувување на некои команди или пак отчитување на статус на некои компоненти кои се потребни при работата на обработувачот.
  • Регистри со специјална намена - се регистрите коишто имаат посебна намена како Инструкцискиот регистер кој ги зачувува инструкциите кои се вршат во моментот и Програмскиот бројач кој го содржи бројот на извршени команди