Разговор:Broken/\xd0\x9f\xd0\xbe\xd1\x80\xd1\x82\xd0\xb0\xd0\xbb\x3a\xd0\x98\xd1\x81\xd1\x82\xd0\xbe\xd1\x80\xd0\xb8\xd1\x98\xd0\xb0

ПРОГЛАС БР 1 Против фалсификувањето на македонската историја на mk.wikipedia.org

ВОВЕД: Македонската википедија треба да служи свиоте читатели доведувајќи им прецизно обликувани статии за разни проблематики.Меѓутоа принципите на кои се потпира википедија кога е во прашање објективноста на процесот преку кој се доаѓа до структурата и смислата на статиите, не е запазен во огромен број случаи.

ПРОБЛЕМ: Потрага по материјали од областа на “македонска историја“, “македонска етногенеза“, “македонски револуционари“ го доведе авторот на овој проглас до огромен број статии кои не се создадени според правилото во нив да одсаствува POV (Point of View) или OR (Original Research), согласно општите и врховни начела со кои се раководи проектот википедија во целина и кои се добро презентирани и на македонската и на англиската варијанта. За овие статии типични појави се:

Давање како аргумент нешто што треба да се докаже Повикување на непосочени извори Повикување на псевдоисторичари-аматери како на авторитети Оригинална интерпретација, без запазување на правилото “колку е поневеројатно тврдењето, толку повеќе треба да се изнесат докази“.

Ваквите статии се ругло на Македонската Википедија.Типично за нив е да отстапуваат од високите стандарди присатни на англиската википедија.Како такви ја немаат својата основна функција: да пружат ТОЧНА, КОНЦИЗНА и УПОТРЕБЛИВА информација

РЕШЕНИЕ: Предлагам оформување на комитет од Википедијанци кој ќе ги заклучи овие статии и ќе поведе процес на нивно сведување на чиста фактографија на која ќе бидат евентуално придодадени ИСКЛУЧИВО референцирани интерпретации.

Само така, преку тимска работа, можеме да ги отстраниме историјските фалсификати со кои се одликува Википедија во сегашната состојба и да и го вратиме угледот.

Назад на страницата „Broken/\xd0\x9f\xd0\xbe\xd1\x80\xd1\x82\xd0\xb0\xd0\xbb\x3a\xd0\x98\xd1\x81\xd1\x82\xd0\xbe\xd1\x80\xd0\xb8\xd1\x98\xd0\xb0“.