Разговор:Националното будење во Македониjа во 19 век

Некој очигледно сака да го прикаже националното будење на Македонците во 19 век, како измислица? Ама јас изгледа сум "збркан". Зошто не сакате да ја закопаме историјата на меѓусебни пресметки? Што добивате ако тврдите дека Македонците се Бугари? Мислите дека некој во Македонија ќе ви поверува? Навистина, во Македонија сме уморни од ова... дајте ако сте браќа подајте рака и вие и Србите, а не пробувајте да ни ја исечете нашата... Се надевам дека некој ќе го прочита ова. Барем ако сметате дека сме Бугари тоа нека оди во вашата Википедија.


Не статува збор некоj некого да го убедува каков е. Станува збор за историjата.

Jаз сум од стар македонски род и добро знам каков сум. Во Бугариjа има преку еден милион луѓе со порекло од различните делови на географската област Македониjа и ние знаеме какви се биле нашите претци и зошто тие сега се наоѓат во Бугариjа. Во некои случаи ние имаме документи од самите нив, имаме го и тоа што е пишувано от странци и тн. На кого да верувам - на Миладиновци, на Прличев, на Гоце и на Даме или на приказни? Jaз не се сметам помалку Македонец од вас, но за мене има разлика меѓу Македонец и Македонизам. Денес вие во Македониjа имате право да бидете какви сакате, но зошто и ние да немаме право да знаеме какви се биле нашите дедовци и предедовци? Ние сметаме дека историjата е на наша страна и ако некоj сака да убеди себе си и светот во противното, нека наjде докази. Секоj има демократското право да биде каков што сака, но не треба да им го спречува истото право и на другите.

Ако ние сметаме дека вие сте со изперени мозоци, ова си е само наш проблем, а ако вие сметате дека ние имаме претенции кон вашата земjа, бидеjќи го почитуваме нашето минато, ова навистина си е ваш проблем.

Таа статиjа имаше прва варианта на некоj си Малешовски-Македон, но беше избришана. Jаз се обидов да дискутирам со таj човек, но немаше никаков одговор. Мислам дека статиите во Википедиjа мора да се неутрални и во нив да има повеќе гледни точки. Не го видувам местото на историjски приазни и националистички легенди. Се согласувам дека, ако не избегаме от екстремностите (а статиjата е таква), само ќе ги зголемиме националните комплекси и фрустрации. Поздрав, А.Кецкаров

Драги Антоне, Много се радвам на това, което си написал. Наистина, моят прадядо - православен свещеник, е избягал преди стотина години от Македония чак в Русенско. В негова чест фамилното име на семйството на майка ми е Попови. Много ми е тъпо, че мои братовчеди край Вардара ни смятат нас, българите, за някакви монголоиди. Вярно, те не са виновни, че цял живот са им промивали мозъците, но поне сега, когато има Интернет, трябва да проявят малко способност за независимо мислене. vladko


Драги Владко, Се додека не научиш: 1. Основна култура, т.е. да не го бришеш она што другите го кажале; 2. Да зборуваш на македонски - тебе не ти е место на оваа страна. Да те цитирам - „треба да пројават малку способност за независно мислење“ - пројави ја прво ти и остави можност да се искажам. Значи ќе повторам, се додека има такви како тебе, нема простор за дискусија; а такви како тебе има насекаде, па и во мојата близина и како што кажав, нивната дискусија преминува во малтретирање, давајќи ми за право да ги повикам со судска покана. Толку од бугарската неутралност. И. Дукоски.


Драги г-н Дукоски, Много ми е приятно, че вече започнахме някакъв диалог. Засега и на двама ни е трудно да научим езика на другия, макар да сме близки и генетично, и географски. По-важното е обаче да градим заедно общото си бъдеще. Владко


Драги Владко, со втората реченица признаваш дека не го користиш јазикот соодветен за оваа страна. Третата реченица не ја разбирам. И. Дукоски.

Драги г-н Дукоски, Признавам, че употребяваме различни езици - вашият е създаден през 1944-45 г. Жалко е обаче, че не разбирате, че нямате бъдеще без нас. Владко

Драги Владко, постои разлика меѓу официјално утврдување на јазик и создавање на јазик. Македонскиот литературен јазик навистина е утврден во периодот што го спомнуваш 1944-45, и тоа врз база на веќе постоечки македонски јазик со правила формирани во текот на 19-от век. Чудно ми е што еден разбран човек воопшто би прифатил можност дека една нација може да се научи на јазик преку ноќ. Велиш во последниве 60 години тој јазик се утврдил и веќе не е можно да се направи разлика меѓу говорот пред ’45 и потоа? Дискутирај со Македонци што живеат во Егејска и Пиринска Македонија и се родени пред 1911 и види. Таа дискусија ја имам водено и драги Владко, тој јазик не е бугарски, а самите се изјаснуваат за Македонци. И. Дукоски.

Драги г-н Дукоски. Баш со такви луѓе за кои велиш имам дискутирано. Не само Егеjци и Пиринци, туку и од Вардарска Македониjа и од Голо Брдо. Немоj да бидеш сигурен дека Македонците пред 1911 година се македонисти како поголемиот дел од денешното население на РМ. Треба да се прави разлика не само "меѓу официјално утврдување на јазик и создавање на јазик", но и меѓу различни литературни варианти на еден jазик, а исто така меѓу локални говори и литературен jазик. Во последниов случаj, ако не се прави разлика, значи има Охридски jазик, Дебарски (миjашки) и т.н. Кецкаров.

Драги Антон, да, тоа се дијалекти, а ти мешаш баби и жаби. Не зборувам за разликата меѓу дијалектите, туку зборувам за јасна разлика меѓу бугарски и македонски уште пред 1911, т.е. за јазик во одреден регион со одредени заеднички карактеристики. Заеднички јазик за културен етникум не се создава преку ноќ и целиот тој историски пристап е погрешен, без разлика од кого доаѓа. Што се однесува до делењето на Македонци на македонисти и бугарофили, памти дека ти прв го изнесе во дискусија, не јас - чисто да се види каде лежи толку негуваната неутралност а каде почнува поларизацијата. И пак ќе ти кажам, сети се, ти се јавуваш со тврдење на македонската Википедија, а не јас на бугарската. И. Дукоски.

Назад на страницата „Националното будење во Македониjа во 19 век“.