Разговорен стил
Разговорен стил е еден од функционалните стилови со кои се занимава стилистиката.
Разговорен стил се применува во неофицијалната комуникација, односно во секојдневните разговори меѓу луѓето.
Најчест е во усна форма, но може да биде и во писмена.
Карактеристично за овој стил е економичноста на изразот. Се скратуваат и речениците и зборовите (на пр.: шо наместо што).
Во говорот ги изоставуваме сите непотребни делови, а ги надополнуваме со израз на лицето и гестикулација.