Радио МОФ — непрофитен младински мултимедијален интернет медиум, кој функционира како портал и радио, формиран во 2011 година. [2] Медиумот е вброен меѓу 30-те највлијателни медиуми во Македонија, според порталот Призма од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).[3]

Радио МОФ
Лого на Радио МОФ
Основана2011
Видинтернет портал и радио
Правен статусактивен
СедиштеМладински образовен форум
МестоСкопје
РегионМакедонија
Главен уредникБојан Шашевски[1]
Матична организацијаМладински образовен форум
Вработени6
Мреж. местоРадио МОФ

Целната публика на медиумот се младите луѓе и граѓаните чиј интерес е статусот на младите во општеството и негово подобрување.[4] Медиумот обработува теми од областа на образованието, науката, екологијата, културата, дигитализацијата, медиумската писменост, социјалните проблеми, сиромаштијата и младинските политики. Покрај радио програмата која се пренесува на интернет, медиумот продуцира и бројни подкасти на различни теми.

Новинарите од Радио МОФ имаат освоено повеќе награди за својата работа, меѓу кои и наградата на Европската Унија за истражувачко новинарство,[5] награда на тема поврзана со загадувањето на воздухот,[6] наградата „Гласник на невидливите“, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство,[7] како и наградата „Жан Моне“.[8] За својата работа, медиумот ја има освоено и наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро - Роберто Беличанец“.[9]

Медиумот функционира во рамки на невладината организација Младински образовен форум (МОФ).[10][4]

Радио МОФ и МОФ се организатори на единствената Конференција за социјален активизам „Енгејџ“ во Македонија, која се одржува од 2012 година.[11]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди