Пулсоксиметар
Пулсоксиметар — медицински контролно-дијагностички уред за неинвазивно мерење на нивото на заситеност на капиларната крв со кислород. Постојат мноштво патолошки состојби чиј тек е пропратен со хроничен недостаток на кислород во крвта. Во тој случај показателот за сатурација на крвта со кислород бара постојано набљудување.
Принцип на работа
уредиВо основата на методот се наоѓаат две појави. Првата појава - апсорпцијата на светлината од два брана со различна бранова должина од страна на хемоглобинот се менува во зависност од неговата заситеност со кислород. Втората појава - светлосниот сигнал, поминувајќи низ ткивото добива пулсирачки карактер како последица на промената на обемот на артеријалниот крвоток при секоја срцева контракција. Пулсоксиметарот има периферен сензор во кој се наоѓа извор на светлина со две бранови должини: 660 nm и 940 nm. Степенот на апсорпција зависи од тоа колку хемоглобинот во крвта е заситен со кислород.[1]
Историја
уредиОксиметарот бил изработен од Глен Алан Миликен во 1943 год. и бил претставен во 1949 год.[2] Ерл Вуд му додал капсула под притисок за извлекување на крв од увото за да се добие апсолутна вредност на заситеноста со O2. Оваа концепција е слична со современата традиционална пулсоксиметрија, но било тешко таа да се реализира поради нестабилноста на фотоелементите и изворите на светлина; денес овој метод не се користи.
Првата пулсоксиметрија била развиена во 1972 година од страна на јапонските биоинженери Такуо Аојаги и Мичио Киши од јапонскиот производител на медицинска електронска опрема Nihon Kohden со користење на соодносот на апсорпција на црвената и инфрацрвената светлина од страна на пулсирачките компоненти на местото на мерење. Хирургот Сусуму Накаџима за првпат го испитал уредот на пациенти во 1975 година.[3]
Во 1995 година Masimo ја претставила технологијата на извлекување на сигналот која можела точно да мери за време на движењето на пациентот и на ниската перфузија по пат на одделување на артерискиот сигнал од венскиот. Оттогаш производителите на пулсоксиметри развиле нови алгоритми за намалување на бројот на лажни тревоги за време на движењето.[4] Според тоа сè уште постојат важни разлики во работата на пулсоксиметрите во сложени услови.[5]
Наводи
уреди<references>
- ↑ „Неотложная педиатрия“. studmed.ru. Посетено на 2023-01-05.
- ↑ „Measurement of Pressures in Man by Cardiac Catheters“. ahajournals.org. Посетено на 2023-01-05.
- ↑ „Phlebotomy Overdraw in the Neonatal Intensive Care Nursery“. publications.aap.org. Посетено на 2023-01-05.
- ↑ „Issues in the laboratory evaluation of pulse oximeter performance“. pubmed.ncbi.nlm.nih.gov. Посетено на 2023-01-05.
- ↑ „Performance of three new-generation pulse oximeters during motion and low perfusion in volunteers“. pubmed.ncbi.nlm.nih.gov. Посетено на 2023-01-05.