Прстен мрежата е мрежна топологија во која секој јазол се поврзува со точно два други јазли, формирајќи еднократен неприкинат пат за сигнали преку секој јазол - прстен. Податоците патувааат од јазол до јазол, и секој јазол по патот управува со одреден пакет.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
На сликата е прикажан дизајнот на мрежата прстен.

Бидејќи прстен топологијата овозможува само еден пат помеѓу било кои два јазли, прстен мрежите може да бидат прекинати поради нефункционирањето на само еден линк. Нефункционирањето на јазолот или прекин на кабелот може да се изолира секој јазол во рилог на прстенот.

FDDI мрежите ја надминуваат оваа ранливост со испраќање на податоци во надесно или налево во прстенот: во случај на прекин на податоците е завиткано назад во комплементарниот прстен пред да стигне до крајот на кабелот, одржувајќи пат кон секој јазол по добиеното „C-Ring“.

Многу прстен мрежи го користат „обратновртечкиот прстен“ за да формираат редундантна топологија. Ваквите “двојни прстен мреќи“ вклучувајќи ги Spatial Reuse Protocol, Fiber Distributed Data Interface (FDDI), и Resilient Packet Ring.

802.5 мрежите- познати како IBM Token Ring мрежи, ја избегнуваат слабоста на прстен топологијата. Тие всушност користат ѕвезда топологија во физичкиот слој и Multistation Access Unit (MAU) што ќе го заменува прстенот во податочниот слој.

Предности

уреди
  • Многу уредна мрежа каде секој уред има пристап до знак и можност да пренесува.
  • Подобри перформанси од топологијата магистрала кога мрежата е преоптоварена.
  • Не бара мрежен опслужувач за да направи врска помеѓу компјутерите.

Недостатоци

уреди
  • Една повеќенаменска работна станица или лош порт во MAU може да предизвика проблеми во целата мрежа
  • Поместувањето, додавањето и менувањето на уредите може да има влијание на целата мрежа.
  • Мрежните картици и MAU-те се многу поскапи од Ентернет картиците и преклопниците.
  • Многу поспори од Ентернет мрежата под нормални услови.

Заблуди

уреди
  • “Tocken Ring е пример на топологијата прстен.“ 802.5 мрежите не ја користат прстен топологијата на ниво 1. Како што е објаснето погоре, IBM Token Ring (802.5) мрежите го заменуваат прстенот на ниво 2 но користат физичка ѕвезда на ниво 1.
  • Прстените спречуваат колизии. Терминот прстен се однесува на изгледот на каблите. Вистинито е дека нема колизии на IBM Token Ring, ова е поради Методот на контрола на пристап на ниво 2, не физичката топологија (која е ѕвезда, а не прстен). Token passing, не прстените, спречуваат колизии.
  • "Token passing го има кај прстените." Тоа е начин за пристап до каблите, имплементирано во МАС (Ниво за контрола на пристап кон медиумот) подслојот на нивото 2. Топологијата прстен е изгледот на каблите на ниво 1. Возможно е да се направи Token passing на магистрала, на ѕвезда или прстен, Token passing не се користи само кај прстените.

Други топологии

уреди