Проценето време на пристигнување
Проценето време на пристигнување или ПВП (анг. estimated time of arrival или ETA) е мерка за време во кое се очекува некое средство за транспорт или компјутерска податотека да пристигне на одредено место.
Проценетото време на пристигнување во патничкиот и транспортен сообраќај се определува врз основа на оддалеченоста од точката на поаѓање до точката на пристигање и брзината со која се движи возилото (авион, брод, воз, автомобил, амбулантно возило и сл.), додека во интернет сообраќајот врз основа на брзината со која одредена податотека пристига и неговата вкупна големина.