Проток на лава (програмирање)

Во жаргонот на сметачкото програмирање, протокот на лава е проблем во кој сметачкиот код напишан под неоптимални услови се става во производство и се додава додека се уште е во развојна состојба. Честопати, ставањето на системот во производство резултира со потреба од одржување на назадна совпадливост (бидејќи многу дополнителни составни делови сега зависат од тоа) со првичниот, нецелосен дизајн.[1]

Промените во тимот за развој што работи на проект често ги влошуваат протоците на лава. Како што работниците влегуваат и излегуваат од проектот, знаењето за целта на аспектите на системот може да се изгуби. Наместо да ги исчистат овие делови, следните работници работат околу нив, зголемувајќи ја сложеноста и нередот на системот.[2]

Протокот на лава се смета за протившаблонска, феномен што често се среќава што води до лош дизајн.[3]

Наводи

уреди
  1. „Lava Flow“. Perl Design Patterns Wiki. Архивирано од изворникот на 31 март 2016. Посетено на 6 ноември 2022.
  2. Mike Hadlow (15 декември 2014). „The Lava Layer Anti-Pattern“. Code rant. Посетено на 6 ноември 2022.
  3. Brown, William J.; Malveau, Raphael C.; McCormick, Hays W. "Skip"; Mowbray, Thomas J. (1998). Hudson, Theresa (уред.). AntiPatterns: Refactoring Software, Architectures, and Projects in Crisis. New York: John Wiley & Sons. стр. 87-95. ISBN 0471197130.