Пролек
Пролек е лек кој во организмот се администрира во неактивна (или со намалена активност) форма, а потоа преку нормалните метаболни процеси во организмот преминува во активна форма. Пролекот всушност претставува претходник на лекот. Пролековите често се дизајнираат за да се подобри биорасположливоста во случај кога лекот слабо се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт.