Проект „Зелен пакет“

Проектот „Зелен пакет јуниор‘‘ започнал да се имплементира од 2011 во основните училишта наменет за учениците од прво до петто оделение за основните начела на одржливиот развој, заштитата на животната средина во Македонија.[1]

ОПИС

уреди

Велес е една од општините во Македонија, во кои во декември 2011 година[2] започнал со спроведување на проектот „Зелен пакет јуниор‘‘, кој бил поддржан од РЕЦ – Регионалниот еколошки центар, Австриската агенција за соработка, како и од министерствата за животна средина и просторно планирање и за образование и наука на Македонија. Со изработката на овој проекткој сосема ја задоволува потребата за оспособување на наставен кадар и програмата со која ќе може да го пренесат тоа образование, за уште од најмала возраст да се развијат позитивните навики кај децата . Еколошкото друштво „Вила Зора‘‘ и Општина Велес започнаале со спроведување на проектот „Зелен пакет ‘‘, со обука и презентација на прирачниците на наставниот кадар, и истиот до крајот на 2012 година кога се презентирал и проектот „Зелен пакет јуниор“ бил имплементиран во сите основни училишта во општината. Пакетот „Зелен пакет јуниор“ содржел и интерактивни алатки за децата како што се играта дилема, книга со приказни од областа на одржливиот развој, цд ромб и флеш меморија со која можело и се инсталирале на сите компјутери и мали сини лаптопи за да можат истите да се користат на мајчиниот јазик, македонски и албански. Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора‘‘изјавил за медиумите: „Преку оваа едукација на наставниците им посочивме што е најважното на кое треба да ги едуцираат учениците.[3] Исто така и кои методи да ги користат при теоретскиот пристап, за да на крај се дојде до посакуваниот резултат“. Над 2.000 прирачници бесплатно биле дистрибуирани до сите основни училишта за да им помогнат на наставниците да ги едуцираат децата.

На презентацијата на првата работилница од проектот било истакнато дека целта е едуцирање на учениците од прво до петто одделение за основните начела на одржливиот развој, заштитата на животната средина, односно екологијата. Во прирачникот„Зелен пакет јуниор‘‘, опфатени се 12 тематски единици од областа на одржливиот развој и животната средина преку кој наставниците се здобиле со знаење да одржат одредени тематски единици со ученици од прво до петто одделение. Покрај прирачникот во 2012 година во Струга имало промоцијата на мултимедијалниот проект „Зелен пакет - јуниор“ кој бил наменет за наставници. Тогашниот министер Абдилаќим Адеми од Министерството за животна средина и просторно планирање, нагласил: Македонија е единствената земја во Европа која изработила верзија од прирачникот„Зелен пакет јуниор‘‘, и за децата со оштетен вид. Македонија инвестира во вакви проекти со цел образување на најмладата популација околу заштита на животната средина и обезбедување одржлив развој за државата, но и за планетата Земја. Основна цел на овој проект во кој биле опфатени околу 700 наставници било едуцирање на учениците од прво до петто одделение. Во проектор биле вклучени по двајца наставници од сите основни училишта во Македонија. Нивна обврска потоа била да извршат дисиминација пред наставниците во матичното училиште. Проектот освен теоретски имал и конкретни активности, а на крајот од неговата имплементација во основните училишта се вршела и ревизија и презентирање на резултатите во јавноста. Со имплементација на „Зелен пакет –јуниор“, како дополнување на основниот „Зелен пакет“, Македонија станала прва држава која го има изработено пакетот за најмладата популација и истиот се користи во одделенска настава со учениците.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди