Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада

Проектот за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада бил донесен во декември 1923 година со што започнал процесот на преорентирање на ВМРО кон Советскиот Сојуз, проектот бил потпишан од Тодор Александров, не е познато дали овај проект бил прифатен од другите членови на раководството на организацијата, но го открива оној процес во идејните сфаќања на Тодор Александров, кои го подведоа до потпишување од негова страна на Мајскиот манифест во 1924 г.[1].

Особености

уреди

Проектот се состои од 5 точки и една преамбула. Во преамбулата е истакната целта на ВМРО - Независна Македонија во една балканска федерација, и на каков начин и принципи тоа може да се постигне. Во останатиот дел од проектот е истакнато дека ВМРО е подготвена да соработува со Советскиот Сојуз и се претставени начелата за таа соработка.

Во 1 точка било истакнато дека ВМРО ќе се бори за создавање на балканска федерација, во 2 точка Советскиот Сојуз ја признава ВМРО како единствен фактор во македонското револуционерно движење, во 3 точка биле регулирани контатктите помеѓу двете страни, во 4 точка двете страни се согласиле за преземање на заеднички акции, во 5 точка ВМРО истакнала дека ја прифаќа помошта од Советскиот Сојуз.

Извори

уреди
  1. Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада