Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Проект Венус — организација која ги промовира и поддржува визиите за индината на американскиот футурист Жак Фреско, со цел да се подобри општеството кон глобален одржлив дизајн кон го нарекуваат „економија заснована на ресурси“. Ваквиот систем содржи одржливи градови и вредности, енергетска ефикасност, колективни фарми, природно менаџирање со ресурсите и напредна автоматизација, фокусирајќи се на придобивките кои тие тврдат дека би ги имало човештвото во целина.

Проект Венус
ГеслоНад политиката, сиромаштијата и војната
ВидОрганизација

Името на организацијата потекнува од Венус, Флорида, каде се наоѓа истражувачки центар (од 8.5 хектари), во близина на езерото Окичоби. Во центарот има десет објекти, дизајнирани од Фреско, кои ја прикажуваат архитектурата на проектот. Иднината според дизајн, филм за животот и работата на Жак Фреско, беше објавен во 2006.

Историја

уреди

Проектот Венус бил започнат околу 1975 од страна на Жак Фреско и Роксен Медоус, која порано била цртач на портрети, во Венус, Флорида. Истражувачкиот центар од 85,000 m2 содржи повеќе објекти во форма на куполи, дизајнирани од Фреско, во кои тие работат на книги и филмови за да ги покажат нивните концепти и идеи. Фреско има изработено голем број макети на своите дизајни.

Проектот Венус е составен од два дела: непрофитна компанија наречена „Иднината според дизајн“ и профитна компанија „Venus Project Inc./Global Cybervisions Inc.“

Проектот Венус се заснова на идејата дека сиромаштијата се создава преку кочење на напредокот на технологијата, што пак е предизвикано од сегашниот светски економски систем кој се заснова на профит. Фреско прикажува теорија во која, напредокот на техонологијата, кога би бил ослободен од профитабилноста, би овозможил повеќе ресурси да бидат достапни на повеќе луѓе, со тоа намалувајќи ја корупцијата и алчноста, а би придонел и кон тоа луѓето да сакаат да си помогнат едни на други. Фреско зборува против монетарната економија а во корист на она што тој го нарекува економија заснована на ресурси.

Теорија

уреди

Според Фреско, сиромаштијата, криминалот, корупцијата и војната се резултат на оскудноста која ја создава сегашниот светски економски систем кој се заснова на профит. Тој теоризира дека мотивот на профит исто така го кочи напредокот на техонологијата корисна за општеството. Фреско тврди дека напредокот на технологијата, кога би бил ослободен од профитабилноста, би овозможил повеќе ресурси да бидат достапни на повеќе луѓе, создавајќи обилност од производи и материјали. Според Фреско, овој новопронајден свет на обилност на ресурси би ја намалил човековата тенденција кон индивидуализам, корупција и алчност, и би се засновал на тоа луѓето да си помагаат едни на други. Фреско верува дека сега е возможно да се создаде општество во кое „човечките животи би биле подолги, поздрави и би имале повеќе значење.“ Фреско верува дека монетарниот систем и процесите поврзани со него, како што се работата и конкуренцијата, само му штетат на општеството и ги кочат луѓето и нивните вистински потенцијали. Тој вели дека неговите идеи би донеле максимални придобивки за сите. Тој тврди дека дел од неговите идеи произлегле од неговиот живот за време на Големата Депресија. Фреско верува дека сегашниот глобален економски систем ќе помине низ голема криза пред луѓето да почнат да губат доверба во монетарниот систем и да почнат да гледаат во други насоки. Основата на проектот е она што Фреско го нарекува „економија заснована на ресурси“. Ваквиот систем ги користи постоечките ресурси, а не парите, и со нив создава соодветен метод на дистрибуција на најхуман и најефикасен начин. Тоа е систем во кој сите стоки и услуги се достапни за сите без употреба на пари, кредити, трампа или каков било друг вид на задолжување или слугување.

Економија заснована на ресурси

уреди

Економијата заснована на ресурси би ја отстранила потребата од сегашната монетарна економија, која е ориентирана/заснована на оскудност. Фреско вели дека планетата е богата со природни ресурси и енергија, и дека со модерната технологија и ефикасни проценки, потребите на светската популација би биле исполнети со обилност, истовремено отстранувајќи ги границите на она што се смета за возможно заради економските можности.

Фреско дава пример за оваа забуна со следниот цитат: „На почетокот на Втората светска војна, САД имаа околу 600 првокласни борбени авиони. Брзо го надминавме овој недостаток правејќи околу 90.000 авиони годишно. Прашањето на почетокот на Втората светска војна беше: Дали имаме доволно фондови да ги произведеме потребните средства за војната? Одговорот беше НЕ, немавме доволно пари, ниту злато, но затоа имавме повеќе од доволно ресурси. Достапноста до ресурсите беше она што им овозможи на САД да го постигне високото ниво на продуктивност и ефикасност, потребни за да ја добие војната. За жал, ова се гледа како опција само во време на војна.“

Фреско вели дека за ова да функционира, сите ресурси на планетата Земја треба да се сметаат за заедничко наследство на сите луѓе, а не само на неколку; а практиката на пресметување на ресурсите преку монетарни методи е нерелевантна и контрапродуктивна за опстанокот на човековата цивилизација.

Една од клучните точки во решението на Фреско е дека без условите создадени од монетарниот систем, нема залудно да се трошат големи количини ресурси. Наместо ова, Фреско вели дека без трошење на ресурси за цели кои се неважни, нема да постои оскудност на потребните производи како храна и образование (природозаштита - учење за животната средина).

Цајтгајст движење

уреди

Проектот Венус опширно беше опфатен во документарецот Цајтгајст: Додаток од 2008, како можно решение за глобалните проблеми објаснети во првиот филм и првата половина од вториот филм. Филмот ја имаше својата премиера на петтиот годишен Артивист филмски фестивал во Лос Анџелес, Калифорнија, на 2 октомври 2008, освојувајќи ја највисоката награда, и беше пуштен бесплатно на интернет на Google Video на 4 октомври 2008. По филмот беше создадена организација наречена Цајтгајст движење, која ги промовира целите на проектот Венус. Во 2011 беше објавен и трет филм, наречен Цајтгајст: Чекор напред.

Извори на материјал

уреди

[1]