Проволино бил италијански куклен лик кој уживал огромен успех во Италија помеѓу доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Него го создале Кастелано и Пиполо кои ги напишале и дијалозите.

Проволино помеѓу Маргарет Ли и Рафаеле Пису во 1970 година.

Телевизија

уреди

Куклата била претставена од Рафаеле Пису во едно италијанско шоу во 1968 година.[1] Како бебе со големи заби, тој бил претставен како непочитуваното алтер его на Пису, со кого постојано се карал и секогаш завршувал со фразата ("лошата моја уста, молчи!"). Куклата била анимирана од истиот Пису, а гласот на Оресте Лионело.[1]

Стрип адаптација

уреди

Ликот подоцна бил адаптиран во стрип серија, која била создадена од Пјер Лујџи Сангали и Алберико Мота и која стана насловна личност на неколку стрип списанија (Проволино, Супер Проволино и Проволино приказна) објавени од уредникот Бјанкони помеѓу 1970 и 1990 година.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Aldo Grasso (2000). Storia della televisione italiana. Garzanti, 2000. стр. 193. ISBN 8811738830.
  2. Gianni Bono. Guida al fumetto italiano. Epierre, 2003. стр. 1437, 1564–1566.