Пристап на напредно мерење (Advanced measurement approach, AMA)

Пристап на напредно мерење (англиски: Advanced Measurement Approach, AMA) претставува пристап кој се користи за управување со оперативниот ризик. Овој пристап и овозможува на банката формирање на сопствен интерен модел за утврдување на неочекуваните загуби. Како предуслов на формирањето на овој модел се јавуваат низа квантитативни и квалитативни критериуми кои мора да бидат исполнети. Банките кои се стремат кон примена на овој пристап ќе бидат ставени под мониторинг од страна на регулаторниот орган кој ќе одреди дали овој метод е соодветен. Генералните услови кои треба да се исполнат вклучуваат управниот и надзорниот одбор да се активно вклучени во надзорот на рамката за управување со оперативниот ризик, банката да има имплементирано здрав систем на управување со оперативниот ризик и да поседува доволно ресурси за примена на пристапот.
[1]

Квалитативни стандарди

уреди

Квалитативните стандарди кои банката треба да ги исполни за да го применува овој пристап се однесуваат на:

  • функцијата за управување со оперативниот ризик којa е одговорна за политиките и процедурите за управување и контрола на оперативниот ризик.
  • интерниот систем за мерење на ризикот.
  • редовното известување за изложеноста на оперативниот ризик.
  • документирањето на системот за управување со оперативниот ризик.
  • внатрешните и надворешните ревизори кои мора да спроведат регуларна проверка.
  • потврдување на системот за мерење од страна на надворешните ревизори.[2]

Квантитативни стандарди

уреди

Иако овој пристап им овозможува значајна флексибилност на банките, тие мора да имаат ригорозни процедури за развој на модел за оперативен ризик и независно потврдување на моделот. Имено, банката мора да демонстрира дека со пристапот кој го користи го задоволува стандардот на комплетност споредено со тој на пристапот заснован на внатрешен рејтинг (internal rating-based approach) за кредитен ризик (на пример, споредено со период на една година и ниво на доверба 99,9 %). Дел од квантитативните стандарди кои можат да се применат како интернационално генерирани мерки за оперативен ризик се следниве:

  • интерните системи на мерење да бидат во согласност со нивото на оперативен ризик што го дефинира Базелскиот Комитет.
  • капиталните барање да бидат пресметани како збир на очекувани загуби (англиски: expected losses, EL) и неочекувани загуби (англиски: unexpected losses, UL).
  • системот на банката да биде соодветен да ги опфати главните фактори на оперативен ризик кои влијаат врз формата на опашките на проценетите загуби.
  • да се додадат мерки за ризик за различни процени со цел да се пресмета минимално капитално барање.
  • да се исполнат супервизорските стандарди за комплетност со тоа што секој систем за мерење мора да ги поседува клучните одлики.
  • банката да поседува транспарентен, документиран и разбирлив пристап за инкорпорирање на сите овие елементи во системот за мерење на оперативниот ризик.[3]

Основни квантитативни елементи

уреди

Се појавуваат во практиката случаи каде процените со ниво на доверба од 99,9% се неверодостојни за деловни линии со остри опашки за дистрибуција на загуби и мал број на настанати загуби. Во други случаи пак, податоците за настани со загуби од оперативен ризик проценети со ниво на доверба 99,9 % се покажуваат целосно веродостојни. Решение на проблемот е користење на интерно доследен пристап кој ги вклучува четирите основни елементи за мерење и кој настојува да избегне двојно броење на квалитативните процени на ризик кои веќе се состојат во другите елементи на рамката. Во четирите основни квантитативни елементи влегуваат:

База на податоци

уреди

За да го применува напредниот пристап за мерење на оперативниот ризик, банката треба да има пристап до богата база на сопствени или надворешни податоци за настани и загуби предизвикани од оперативниот ризик.

Интерни податоци

уреди

Интерните податоци за загуби кои ги поседува банката се од клучно значење за поврзувањето на банкарските процени за ризик со реалното искуство за загуби. Интерно генерираните мерки за оперативниот ризик треба да бидат засновани на минимум петгодишен период на набљудување на интерни податоци за загуби, во зависност од тоа дали се користат за директно конструирање или потврдување на одредена мерка.[2][4]

Надворешни податоци

уреди

Користењето на надворешните податоци е исто така од особена важност, особено во периоди кога постои веројатност банката да е изложена на ретки, потенцијално сериозни загуби. Банката би требало да има системски процес за утврдување на ситуации во кои надворешните податоци мора да се користат и мора да има методологии за утврдување на податоците.[5][6]

Сценарио анализа

уреди

Банката мора да користи сценарио анализа која се заснова на експертско мислење во комбинација со надворешни податоци за оцена на изложеноста на настани со голема острина. Проценките произлегуваат од претпоставките за корелација вградени во банкарската рамка за мерење на оперативниот ризик и особено внимание се посветува на загубите поврзани од неповолн и настани кои се одвиваат паралелно.[2]

Деловна средина и фактори на внатрешна контрола

уреди

Со користење на овие фактори проценките се насочуваат кон иднината, притоа директно се одразуваат на квалитетот на контролана банката и работната средина и овозможуваат помош во усогласување на капиталните процени со целите на управување со ризиците и препознаваат подобрувања и влошувања во профилот на ризичност.
[2]

Типови на настани со загуба

уреди

Во четирите основни извори на оперативен ризик влегуваат внатрешни процеси, луѓе, системи и надворешни настани. Оваа генерализирана поделба не овозможува прецизно лоцирање на изворот на ризики и со цел да се надмине овој недостаток Базелскиот комитет дефинирал поразгранета поделба на типови на настани со загуба, која вклучува три ниво. На првото ниво се наоѓаат:[2]

  • Внатрешна измама - Загуби поради типови на активности наменети за измама, бесправно присвојување имот или заобиколување на прописите, законот или политиките на компанијата кои инволвираат најмалку една интерна страна.
  • Надворешна измама - Загуби поради типови на активности наменети за измама, бесправно присвојување имот или заобиколување на прописите, законот или политиките на компанијата од страна на трети лица.
  • Пракса на вработените и безбедност на работно место - Загуби кои произлегуваат поради неусогласеност со законите или договорите за вработување, здравје или безбедност, од плаќање на побарувања на повреда на вработените или од настани со дискриминација.
  • Клиенти, производи и деловна пракса - Загуби од ненамерно или несовесно неисполнување на професионалната обврска за специфични клиенти.
  • Оштетување на материјални средства - Загуби поради губење или оштетување на материјалните средства од природни катастрофи или други настани.
  • Прекин (нарушување на работењето и пад на системи) - Загуби од прекин на работењето или пад на системите.
  • Извршување, испорака и управување со процесот - Загуби од неуспешни трансакции или управување со процесот, од односите со трговските договорни страни и добавувачи.

Наводи

уреди
  1. Bank for international settlements (2006c) Operational Risk Transfer Across Financial Sectors. Basel Committie on Banking Supervision.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Bank for international settlements (2006a) International convergence of Capital Measurement and Capital Standards. Basel Commitеe on Banking Supervision.
  3. Bank for international settlements (2006c) Operational Risk Transfer Across Financial Sectors. Basel Commitеe on Banking Supervision
  4. Bank for international settlements (2003c) Operational Risk Transfer Across Financial Sectors. Basel Commitеe on Banking Supervision.
  5. Bank for international settlements (2006a) International convergence of Capital Measurement and Capital Standards. Basel Committie on Banking Supervision.
  6. Bank for international settlements (2009a)Results from the 2008 Loss Data Collection Exercise for Operational Risk. Basel Commitеe on Banking Supervision.
Содржина
Квалитативни стандарди
Квантитативни стандарди
Основни квантитативни елементи
Типови на настани со загуба