Принципи на економијата (Маршал)

Принципи на економијата (англиски: Principles of Economics) — книга на англискиот економист Алфред Маршал, првобитно ојавена во 1890 година. Книгата доживеала осум изданија (последното од 1920 година) и долго време служела како основен учебник по економија во Британија.[1]

Содржина

уреди
 
Алфред Маршал, „Принципи на економијата“, Прометеус букс, Њујорк, 1997.

Книгата се состои од шест дела и додаток:[2]

  • Книга I Прелиминарен преглед
    • Глава I Вовед
    • Глава II Суштина на економијата
    • Глава III Економски воопштувања или закони
    • Глава IV Местото и целите на економските проучувања
  • Книга II Некои темелни поими
    • Глава I Вовед
    • Глава II Богатство
    • Глава III Производство, потрошувачка, труд, неопходни добра
    • Глава IV Доход, капитал
  • Книга III За желбите и нивното задоволување
    • Глава I Вовед
    • Глава II Желбите и нивниот однос со активностите
    • Глава III Степенување на побарувачката на потрошувачите
    • Глава IV Еластичноста на желбите
    • Глава V Изборите меѓу различна употреба на ист предмет, моментна и одложена употреба
    • Глава VI Вредноста и користа
  • Книга IV
  • Книга V Општи односи меѓу побарувачката, понудата и вредноста
    • Глава I Воведна, за пазарите
    • Глава II Привремена рамнотежа на побарувачката и понудата
    • Глава III Рамнотежа на нормалната побарувачка и понуда
    • Глава IV Инвестирањето и распределбата на ресурсите
    • Глава V Рамнотежа на нормалната побарувачка и понуда, продолжение, со осврт на кратките и долгите периоди
    • Глава VI Заедничка и вкупна побарувачка, заедничка и вкупна понуда
    • Глава VII Основните и вкупните трошоци во однос на заедничките производи, трошоците за маркетинг, осигурувањето за ризикот, трошокот на репродукција
    • Глава VIII Маргиналните трошоци во однос со вредноста, општи принципи
    • Глава IX Маргиналните трошоци во однос со вредноста, општи принципи, продолжение
    • Глава X Маргиналните трошоци во однос со земјоделските вредности
    • Глава XI Маргиналните трошоци во однос со градските вредности
    • Глава XII Рамнотежа на нормалната побарувачка и понуда, продолжение, со осврт на законот за растечки приноси
    • Глава XIII Теорија на промените на нормалната побарувачка и понуда во однос на доктрината на максимално задоволство
    • Глава XIV Теоријата на монополите
    • Глава XV Резиме на општата теорија на рамнотежа на побарувачката и понудата
  • Книга VI
  • Додаток

Наводи

уреди
  1. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. vii.
  2. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997.