Приватносна програмска опрема
Софтверот за заштита на приватноста е софтвер создаден за да ја заштити приватноста на неговите корисници, софтверот го управува и ограничува колечеството на информации до кои може да се пристапи. Овој софтвер е поврзан со два вида на заштита: Едниот вид е заштита на Интернет приватноста на корисникот од World Wide Web, а другиот тип на заштита е бришење на Интернет трагите на корисникот, додека сурфал на Интернет. Овој софтвер ни нуди голема заштита, а таа заштита му одговара на секој корисник. Заштитата на информации е многу битна работа во денешно време, затоа што податоците преминуваат од една рака во друга секој ден.
Ако не сме внимателни информациите што се пренесуваат, можат да бидат достапени и од корисници кои не треба да ги достапат. [1]
Приватните информации можат да бидат украдени од агресивните колачиња и,ненајавени преземања на прелистувачите.
Без разлика колку е ризично онлине однесувањето на корисникот или за што го користи компјутерот,акциите и персоналните информации се снимаат,и лесно можат да бидат откриени од другите. Приватниот софтвер може да помогне во заштита на приватноста. Со овој софтвер информациите ќе бидат заштитени на различни начини. Како што корисниците сурфаат на Интернет,овој софтвер ќе ги избрише сите информации кои биле собрани за време користењето на Интернет. Во тие информации спаѓаат броеви на кредитни картички, финасиски информации,лозинки, кориснички имиња, како и историјата на web прелистувачите. Инсталирањето на ефикасен приватен софтвер на компјутерот е многу важно. Кога се прави избор на приватен софтвер, мора да се погледне од повеќе аспекти за да се направи вистинскиот избор. [2]
Критериуми за избор на ефикасен приватен софтвер
уреди- Лесно користење
Овој софтвер треба да биде лесен за употреба, корисникот да знае да го користи на лесен начин.
- Делотворност на приватноста
Приватниот софтвер треба да ги блокира обидите од надворешните извори да ги достапат нашите приватни информации.
- Множество функции
Приватниот софтвер треба да ги понуди сите функции, кои ќе помогнат да се заштити приватноста на нашите персонални информации.
- Помош/Документација
Приватниот софтвер треба да понуди, помош за корисникот поефикасно да се снајде при користењето.
Во денешно време е многу тешко да се спречи софтверската пиратерија, иако софтверските компании се обидуваат да го спречат тоа. Првобитно софтверските компании се обиделе да ја спречат пиратеријата, но оваа стратегија не успеа, поради тоа што била неповолна за корисниците, и не била 100 проценти сигурна. Поголемиот дел од софтверот сега бара еден вид на регистрација,и тоа ги обесхрабува оние коишто се занимаваат со пиратеријата, но тоа во секој случај не ја спречува пиратеријата.
Некои вообичаени типови на софтверска пиратерија вклучуваат фалсификуван софтвер, тврд диск вчитување, Интернет софтверска пиратерија. Сосема поинаков пристап кон софтверската пиратерија, наречен shareware,покажува безнадежност, на тоа да ги спречи луѓето да ја користат пиратеријата. Shareware изадавачите ги охрабруваат корисниците да им даваат копии на програми на пријателите, но побаруваат од секој кој ги користи програмите да платат регистрација. Цената на приватниот софтвер најчесто се дзижи измеѓу $15.00 и $100.00, но таа цена не e ништо во споредба со катастрофите кои може да ни се случат, се мисли на крадење на нашиот идентитет. [3]
Потреба од приватен софтвер
уредиПотребата од приватниот софтвер е сè поголема во денешно време, поради порастот на пиратеријата. Приватниот софтвер,ја зголемува приватноста и штити, од несакани пристапи до приватните информации. Постојат многу компании кои нудат приватни софтвери, но корисниците се тие што треба да одлучат, кој приватен софтвер ќе го искористат, за нивна потреба. Компаниите ги прикажуваат одликите на приватните софтвери, а корисниците се тие што треба да одлучат, дали ќе го користат приватниот софтвер, и каков приватен софтвер ќе изберат. Пиратеријата има многу негативни последици, но како што е спомнато погоре, нејзиниот замав е сè поголем, и ако не се интервенира на време може последиците да бидат уште полоши. Но секако многу компании се освестија на време да реагираат за овие случувања. Компаниите поднесувале и тужби против пиратеријата, но сепак не секогаш тие тужби имале ефект. Често се случува некои информации кои корисниците не сакаат да бидат достапени од други, да бидат достапени, поради нивно невнимание,или незнаење.
Приватниот софтвер е понуден од многу компании со цел, да помогне, односно да ги заштити корисниците од надворешен пристап до информациите.
Е сега, за да корисниците имаат поголема мотивација да го користат тој софтвер, треба тој да биде лесен за употреба, односно да нуди добра помош, за да корисниците се снајдат при употреба на тој софтвер.
Има многу случаи каде софтверот е доста корисен, но начинот на користење е покомплициран,и тоа е понегативно за корисниците, и не е толку мотивирачки,односно тие избегаваат да го користат. Освен тоа исто така важна работа е добрата рекламација на тој софтвер, со цел да привлече што повеќе клиенти, бидејќи ако на самиот почеток не е доволно привлечен за клиентите, тие можеби нема да се одлучат да го користат.
Секој кој е одговорен за приватност на податоците, брзо ја открива тешката вистина дека тие податоци треба добро да се заштитат. Без разлика што сите сопственици на тие податоци вложуваат многу, за да ги заштитат тие податоци, сепак во денешно време постојат многу начини, како извори од страна да ги пристапат тие податоци, и заради тоа нивното штитење е многу тешко. Неколку софтверски претприемачи забележаа, дека заедно тие можат да формираат она што се нарекува „приватен GRC“ маркет, каде што GRC ќе се залага за управување, ризик и усогласеност со приватноста.
GRC го сочинува најголемиот дел од она што го прават луѓето кои се ангажираат околу приватноста. Заштита на податоците е моментално главна цел на GRC. Бројот на приватните GRC производи расте.
Една од најболните точки на приватниот службеник е воведување на нови приватни прописи, со цел да се зголеми приватноста.
Глобалните корпорации сега се предмет приватноста на податоците на веб, законите за безбедност и стандардите.
Кога станува збор за ставовите на приватноста главното прашање е: Кои алатки треба да се искористат за да се зголеми приватноста, и тоа да има побрз и поголем ефект. Многу компании со некои свои производи прават сè што можат да го намалат ризикот од загрозување на приватноста.
Тие секогаш ги анализираат ризиците од најмал кон најголем и врз основа на тоа, прават соодветни правила и алатки кои ќе помогнат во загрозувањето на приватноста.
Друга болна точка на службениците кои се занимаваат со приватноста е поклопување на проценките. Организациите кои се загрижени за темата приватен софтвер, имаат еден проблем во врска со проценките кои се прават за заштита на приватните информации. Долку некои личности кои работаат во иста организаија или компанија, имаат различни проценки за приватниот софтвер, тогаш може да дојде до неуспех на самиот производ, се мисли на приватниот софтвер. [4]
Типови софтвер за заштита на приватноста
уреди- Анонимно сурфање
Секогаш кога корисниците се на Интернет,тие оставаат трага. Кога го пристапуваат опслужувачот или мрежното место се прикажува нивната IP-адреса. Оние кои се обидуваат да ја скријат нивната IP-адреса од сите мрежни места,нивниот пристап се потпира на анонимни proxy сервиси кои ги штитат,за да можат да сурфаат анонимно. Овие сервиси се во основа компјутери кои ги конектираш,и ги пристапуваат мрежните места,како резултат секое мрежно место кое го посетуваме ја гледа IP-адресата на proxy опслужувачот,а не нашата. Треба корисниците да се сигурни,дали ќе му веруваат на proxy опслужувачот,пред да бидат вистински заштитени.
- IP блокатори
Овој тип на приватен софтвер блокира одредени IP-адреси преку гледање на некои наши Интернет активности.Популарна апликација за ова е P2P корисниците кои сакаат да ја сокријат нивната активност од компјутерската индустрија. Ова може да биде корисно ако корисниците сакаат да стават неколку компјутери преку кои ќе ги надгледуваат нивните активности.
- Отстранување на малициозен софтвер
Целата подземна индустрија за вируси и шпионски софтвер,ги контролира информации на корисниците со инсталирање софтвер на нивниот компјутер,без нивна дозвола. Овој софтвер ,познат како малициозен може да ги следи трагите од информациите на корисниците при пребарувањето,за да ги украде тие информации. Користејќи анти-малициозен софтвер регуларно може да се заштити приватноста на корисниците преку отстранување на тој малициозен софтвер од нивниот компјутер.
- Отстранувачи на историја кај пребарувачите
Често корисниците се плашат дека кога некој ќе го користи нивниот компјутер,ќе може да ја види историјата кај нивниот пребарувачот,односно да ги види страните кои тие ги посетувале.Тие може рачно да ја избришат историјата кај пребарувачот,или пак да ја искористат апликација која ќе ја исчисти цела историја.
- Енкрипција
Ова можеби е најдобрата и најмоќната форма за приватната технологија. Енкрипцијата е процес на заклучување на информациите,со клуч кој само корисниците самите го знаат,и на тој начин се прави информациите да не можат да се пристапат без клуч. Ова може да се искористи за информациите на тврдиот диск,па дури и од оние со физички пристап до него. [5]
Наводи
уреди- ↑ Статиja за приватен софтвер Privacy Software, Архивирано од изворникот на 2011-11-23, Посетено на 2012-03-08
- ↑ Статиja за приватен софтвер Privacy Software, Архивирано од изворникот на 2012-03-10, Посетено на 2012-03-08
- ↑ Статиja за софтверска пиратерија software piracy
- ↑ Статија за првичните водачи на приватниот софтвер Privacy software: Who are the early leaders?, Архивирано од изворникот на 2023-01-23, Посетено на 2012-03-08
- ↑ Статиja за типови на приватен софтвер Types of Privacy Software