Прехранбени адитиви

(Пренасочено од Прехранбен адитив)

Прехранбени адитиви се супстанции кои се додаваат во храната за да се зачува или да се подобри нејзиниот вкус, изглед или други квалитативни особини. Некои адитиви се користат со векови; на пр. конзервирање на храната (со оцет). Со напредокот на обработката на храната, се воведени голем број на адитиви, како од природно така и од синтетско потекло.

Различни форми на емулгаторот лецитин

Категории

уреди

Прехранбените адитиви може да се поделат на неколку групи, иако некогаш постои преклопување бидејќи некои адитиви имаат повеќе ефекти.

Средства за конзервирање
Го спречуваат или забавуваат растот на бактерии, габи и други микроорганизми што предизвикуваат расипување на храната.
Вештачки засладувачи
Соединенија со сладок вкус коишто се додаваат поради ниската калориска вредност и немаат штетно дејство кај дијабетичари.
Бои
Се додаваат во храната за да ја заменат бојата која се губи за време на преработката на храната или да ја направат храната попривлечна.