Претседател на Непал
Претседател на Сојузна Демократска Република Непал (непалски: राष्ट्रपति, растрапати) — шеф на државата Непал. Функцијата е создадена по укинувеањето на кралството и прогласување на република во 2008 г. Тековен претседател на државата е Бидја Деви Бандари, избрана во октомври 2015 г. и прва жена на чело на државата. Звањето на претседателот е „Уважениот“ или „Уважената“ (सम्माननीय, самананија).
Претседател на Сојузна Демократска Република Непал | |
---|---|
Звање | Уважениот/Уважената |
Седиште | Шитал Нивас |
Назначувач | посреден избор |
Мандат | 5 години |
Прв функционер | Рам Баран Јадав |
Создадена | 28 мај 2008 |
Заменик | Потпретседател на Непал |
Плата | 1.09.410 рупии месечно[1] |
Мреж. место | presidentofnepal.gov.np |
Историја
уредиСо усвојувањето на привремениот устав во јануари 2007 г., одземени се сите права и надлежности на кралот, по што Уставотворното собрание се состанало да реши дали да ја задржи монархијата или да прогласи република. Во текот на овој меѓупериод, тогашниот премиер Гириџа Прасад Коирала бил вршител на должноста шеф на државата. На 28 мај 2008 г. собранието го усвоило предлогот за укинување на монархијата, па во јули 2008 г. е изгласан првиот официјален претседател — Рам Баран Јадав.
Претседатели на Непал (2008–)
уредиБр. | Слика | Име и презиме | Мандат | Партија | ||
---|---|---|---|---|---|---|
Стапил | Напуштил | Денови | ||||
— | Гириџа Прасад Коирала вршител на должноста (1925–2010) |
15 јануари 2007 | 23 јули 2008 | 740 | Непалски конгрес | |
1 | Рам Баран Јадав (1948–) |
23 јули 2008 | 29 октомври 2015 | 2654 | Непалски конгрес | |
2 | Бидја Деби Бандари (1961–) |
29 октомври 2015 | — | 3343 | КПН-ОМЛ |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Salary of President“. Naya Patrika. 17 July 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-17. Посетено на 17 July 2013.