Прекинато Градиште (Вирче)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Прекинато Градиште, од доцноантичко време. Во планинскиот предел, на околу 2,5 кмисточно од селото се издига висок рид што има доминантна положба. На врвот, кој е зарамнето плато со површина 250 × 150 м, се зачувани остатоци од темели од одбранбен бедем, како и од темели од други објекти, а се среќаваат парчиња од покривни ќерамиди, кршен камен и друг градежен материјал, како и фрагменти од ќерамички садови и питоси. (А.К.)[1]

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069