Ова е краток преглед на Условите на употреба наменет за информирање на корисниците
Одрекнување: Овој краток преглед не е дел од самите Услови на употреба и не претставува правен документ. Ова е само едно прирачно помагало што треба да даде претстава за целосните услови. Може да се сфати како полесно разбирлива варијанта на нашите Услови за употреба.
Дел од нашата задача е да ги:
Оспособиме и вклучиме луѓето ширум светот, за да можат да собираат и разработуваат образовни содржини и да ги објавуваат под слободна лиценца или да стават во јавна сопственост.
Распространиме овие содржини на делотворен начин, глобално и бесплатно.
Имате право слободно да ги:
Читате и печатите нашите статии, слики и снимки бесплатно.
Споделувате и пренаменувате нашите статии и други слики и снимки под слободни и отворени лиценци.
Придонесувате во и уредувате разните наши проекти и мрежни места.
Под следниве услови:
Одговорност — Да сносите одговорност за вашите уредувања (бидејќи ние само ги вдомуваме вашите содржини).
Учтивост — Да одржувате учтива атмосфера и да не ги вознемирувате останатите корисници.
Правно однесување — Да не ги кршите авторските права и другите закони.
Ненаштетување — Да не причинувате штета врз нашата технолошка инфраструктура.
Услови на употреба и правила — Да се придржувате до долунаведените Услови на употреба и правилата на заедницата кога ги посетувате нашите страници или учествувате во нашите заедници.
Разбирајќи дека:
На вашите придонеси им давате слободни лиценци — вашите придонеси и уредувања на нашите мрежни места и Проекти мора да ги објавувате под слободна и отворена лиценца (освен ако не се во јавна сопственост).
Нема стручни совети — содржините на статиите и другите проекти имаат чисто информативен карактер и не претставуваат стручни совети.