Оваа предлошка прави проѕирна табела со наслов и содржина, при што содржината е скриена и може да се прикаже преку копче [Прикажи]. Предлошката е наменета за нудење на пристап до дополнителни информации без тие да се прикажуваат и да се оптоварува изгледот на страницата.
<nowiki>
{{Скриј
|наслов = Насловот на табелата
|содржина = Скриената содржина
|порамнување = (дополнителен параметар) left, center или right
|широчина = (дополнителен параметар) во проценти, на пр. 95% или 100%
}}
{{Скриј|наслов=Дополнителни критериуми|содржина={{Википедија:Критериуми за избрана статија}}}}
Ќе се прикаже како:
Дополнителни критериуми
Избрана статија претставува пример за нашата најдобра работа. Избраните статии содржат професионални стандарди на пишување и презентација. Покрај тоа што статијата треба да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, таа треба да ги има следниве атрибути:
Да е—
(а) одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна, и е од професионален стандард;
(б) детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
(в) веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придрижени со специфични докази и надворешни цитати; ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во која се наведени изворите, придружено со фусноти на соодветните места. Видете: Википедија:Цитирање извори;
(д) стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден.
Има правилен стил на пишување, кој ја вклучува употребата на:
(а) вовед - концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
(б) соодветна структура— систем на хиерархиски поднаслови и добра, но не преголема листа на содржина; и
(в) постојани цитати— онаму каде што има потреба во согласност со Критериум 1в, континуирано форматирани референци во форма на фусноти.
Слики. Има слики и други медиуми таму каде што е соодветно, со добар коменар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права. Неслободните слики мора да бидат правилно лиценцирани и со соодветен извор, а нивната праведна употреба јасно означена.
Должина. Останува фокусирана на главната тема без да оди во непотребни детали.