Предлошка:Портал:Математика/Одбрана статија/Архива

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.
од јуни/јули 2007 до 14 септември 2007:

Интегралното сметање, заедно со диференцијалното сметање, е еден од основните и најважни дисциплини на математичката анализа. Значењето на интегралното сметање е од огромна важност, не само за математиката, туку и општо за останатите природни науки.

Криволиниски трапез
Криволиниски трапез

Интегралното сметање може да се разгледува од различни аспекти. На пример, од една страна, интегрирањето е инверзна операција на диференцирањето; од друга страна пак, интегралот на дадена функција бројно ја/го определува определува плоштината/волуменот на фигура/тело во рамнината/просторот.

Основен поим во теоријата на интегралното сметање е поимот интеграл, а основна задача е решавањето на интегралите и изнаоѓањето на начини за нивното решавање.

Условно, интегралите можат да се поделат на неопределени и определени. Што е разликата помеѓу нив, ќе видиме подолу.