Предел со две нимфи
Предел со две нимфи ― слика со масло на платно од околу 1659 година, од францускиот уметник Никола Пусен. Како доцно дело, се чини дека е насликана за Шарл Ле Брун, друг сликар. Била продадена од Раџивиловата збирка во 1866 година на Фредерик Резе, кустос во Лувр. Резе ја продал, со остатокот од својата збирка, на Анри д'Орлеан, војводата на Омал во 1879 година и така делото сега се наоѓа во Музејот Конде во Шантији.