Поучување
појаснителна страница
Поучувањето претставува планирано водење и поттикнување, насочување, помагање, следење во процесот на учење со цел да се оспособи ученикот сам да го регулира сопственото учење.
Примери од наставната практика
уреди- Поучување во кое има планирање на јасни дефинирани цели, форми, методи и средства за поучување и учење.
- Планирање во кое јасно се определени активностите на наставникот и ученикот за постигнување на целите.
- Поучување во кое се планирани и реализирани методи, постапки и инструменти за оценување на постигањата на учениците.
- Поучување во кое наставникот не прави рефлексија на сопственото поучување.
Рефлексија на наставникот за сопственото поучување
уреди- Иако целите беа јасно дефинирани, формите и методите кои ги користев не се покажаа сосема соодветни.
- Новата метода која првпат ја користев, поради мојата неумешност не успеав целосно да ја применам што се одрази на нерационално користење на наставнато време.
Рефлексија на ученикот за поучувањето
уреди- Поради новиот начин на работа на наставникот имавме потешкотии и не успеавме да го решиме дадениот проблем.