Потопна пумпа
Потопна пумпа — пумпа со херметички изолиран мотор која се поставува во внатрешноста на извор на течност со цел за полесно испумување на течноста на површината. Значајната предност на овие пумпи е што не ја испумпува течноста врз основа на воздушен притисок. Целата технологија се заснова на основната логика дека полесно е течноста да се испумпува отколку да се повлекува нагоре.
Принцип на работа
уредиПумпата е херметички заштитена со цел течноста да не го оштети моторот. Преку кабелот моторот добива струја за негова работа при што порамнувачот на фрквенции служи за чистење на шумовите. Со добивањето на енергија моторот ја принудува пумпата да врши исфрлување нагоре на течност која нвлегува низ отворите.
Најчестата употреба на овие пумпи е за вадење на вода или нафта од Земјината површина. Овие пумпи најчесто се спуштаат во цевки во кои се наоѓа течноста која ја исфрлуваат. Доколку нема константен прилив на течност тие не можат да работаат.
Употреба
уредиУпотребата на овие пумпи се сведува на вадењето на вода и нафта од Земјината површина. Нивната најголема предност е тоа што можат да истуркаат течности кои се наоѓаат многу подлабоко за разлика од обичните вакуумски пумпи.
Употреба на потопните пумпи за вадење на нафта
уредиПринципот на употреба е истиот само што се користат помоќни пумпи кои можат да истуркаат нафта и од 3.7 километри од Земјината површина. Овие работаат при големи напони од неколку киловолти достигнувајќи работни температури од 150о целзиусови и притисок до 34MPa. Моќноста на ваквите пумпи се движи и до 1000 коњски сили (750 kW).
Исто така се употребуваат и за испумпување и на други течности па во зависност од нивната употреба варираат и нивните својства.