Последната песна
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Последната песна (филм) Од Википедија, слободната википедија
Последната песна
Аматерско издание на постерот
Режиран од Џулие Ан Робинсон
Адам Шанкман
Продуциран од Џенифер Гибгот
Дара Ваинтрауб (копродуцент) Тиш Сајрус (извршен продуцент)
Напишан од Николас Спаркс
Џеф Ван Ви
Учествуваат Мајли Сајрус
Лијам Хемсворт Кели Престон Грег Кинеар
Музика Арон Цигман Кинематографија Џон Линдлеј Монтажа Ненси Ричардсон Студио Offspring Entertainment Дистрибуиран од Touchstone Pictures Датум на прикажување 31 март 2010 година Времетраење на филмот 107 минути Држава Соединетите држави Јазик Англиски Буџет 20 милиони долари Бруто добивка 89.041.656 илјади долари
„Последната песна“ е американска драма за полнолетни, која е создадена заедно во исто време со новелата од Николас Спаркс. Филмот беше режиран од Џулие Ан Робинсон во нејзиниот прв игран филм и кописатели Николас Спаркс и Џеф Ван Ви. Глумецкската екипа во „Последната песна“ се состои од Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт и Грег Кинеар. Мајли Сајрус е проблематичен тинејџер којшто повторно се поврзува со нејзиниот оддалечен татко, таа се заљубува за време на летото во тивкиот град на плажа во Јужните Соединети Држави. Филмот е дистрибуиран од страна на „Touchstone Pictures“. Спаркс започнал со пишување на филмското сценарио и романот истовремено.Тој го завршил сценариото во јануари 2009 година, пред да се заврши романот. Средината во која се снимал филмот е Северна Каролина (North Carolina) исто како и во романот, а потоа променета е во Џорџија, откако државите со месеци си планирале домашна продукција. На почеток на филмот снимањето беше на островот Таиби, Џорџија, близу Савана, „Последната песна“ беше првиот филм сниман и изведен на островот Таиби. Снимањето траеше од 15 јуни до 18 август 2009 година, со сцени од плажата на островот и пристаништето. Неговото прикажување најпрвин се планираше за 8 јануари 2010 година, но беше одложено за 31 март 2010 година.
Содржина Скриј • 1 Содржина • 2 Глумечка екипа • 3 продукција • 3.1 Развој • 3.2 Пишување и наслов • 3.3 Кастинг • 3.4 Снимање • 3.4.1 Преселба во Џорџија • 3.4.2 Каде се одвива дејството (во филмот ) • 3.4.3 Распоред за снимање • 3.4.4 Големи морски желки • 3.5 Постпродукција • 4 Краен резултат и саундтрак • 5 Издавање • 5.1 Маркетинг • 5.2 Благајна • 5.3 Блу-реј и ДВД Уреди Содржина Поврзано: Содржина на романот Вероника (Рони) Мајлер (Miley Cyrus) на својата 16годишна возраст станува многу бунтовна откако нејзините родители се развеле на многу лош начин, па татко и се преселил во Џорџија пред три години. Порано кога била мала била пијанистка на класична музика, учена од татко и, Стив Милер (Greg Kinnear), но сега таа нема желба за свирење и не разговара со татко и откако тој ги напуштил. Кога училиштето Џулиард (Julliard School) било заинтересирано за на, таа одбивала да се пријави. Сега на Стив му е дадена можност за повторно да се здружи со ќерка му, која е многу оддалечена од него, кога нејзината мајка Ким (Kelly Preston) ги испраќа тинејџерката и нејзин помал брат Џонах (Bobby Coleman), да го поминат летото со него. Стив, поранешен професор на училиштето Џулијард и пијанист со свои концерти, сега живее мирен живот на островот Таиби, мал град на плажа во Џорџија, каде што тој израснал, работејќи на едно обоено стакло за локалната црква, кое што требало да се замени со исто такво поради пожар. Според луѓето во тој крај, Стив го подметнал тој пожар во црквата таа вечер. По пристигнувањето, Рони е несреќна, полна со непријателски и одбранбен став спрема се околу неа, вклучувајќи го и згодниот, популарен Вил Блејкли (Liam Hemsworth), кој се запознава со неа, прекинувајќи и го натпреварот во одбојка, разливајќи шејк од јагода врз неа. Таа го игнорира него и го запознава Блејз, една бездомничка која што живее со дечко и Маркус. Една вечер, покрај еден логорски оган на плажа, Маркус случајно наидува на Рон, а Блејз помислува дека Рони флертува со него. Разлутена поради ова, Блејз подметнува една бразлетна во ташната на Рони во една продавница. Откако Рони тргна да си оди оттаму, таа е веднаш уапсена, а татко и и брат и ја враќаат дома по тој незгоден настан. Подоцна, Рони открива гнездо со големи морски желки на плажата покрај нејзината куќа, а додека го чува гнездото од какви било напаѓачи, повторно го среќава Вил за време на неговата волонтерска работа за еден аквариум. Вил и Рони ја поминаа заедно цела ноќ, бранејќи ги желките од ракуни, притоа таа открива колку добро момче е тој отколку што мислела, па започнува да и се допаѓа. Откако таа се заљубува во Вил, успева да изгради и еден подобар, попријателски однос со татко и. Нивната врска се зацврстила доволно за тој да ја покани на свадба кај сестра му. Наредниот ден, мали желчиња се изведуваат од јајцата. Таа вечер нејзиниот татко претпрпува слом од преголема кашлица. Рони веднаш го носи Стив во болница, каде што им соопштуваат дека тој е болен од рак долго време пред да започне летото (во една претходна сцена, тој вели дека примал лекови и најверојатно тој го подметнал пожарот во црквата.) Таа решава да помине подолг перидо со нејзиниот татко, бидејќи тој нема да живее долго. Во меѓувреме, Рони и Вил се расправаат, бидејќи тој признава дека Маркус го подметнал пожарот, но никогаш не расчистил со тоа. Тие мораат да се разделат, поради заминувањето на Вил на колеџ. Нема време за расчистување на работите. Стив работел на едно музичко парче веќе подолго време. Доаѓа есен, па поради почеток на новата учебна година, Џонах мора да си оди во Њујорк, а Рони останува да го чува татко и. Рони се обидува со само неколку месеци да ги надополни последните три години на игнорирање на нејзиниот татко. Таа продолжила со правење на тоа музичко парче (што се вика „За Рони“), завршувајќи го она што татко и не би можел (поради неговите раце). Кога таа заврши со свирење на последнатиот акорд, таа виде дека татко и починал натажен, слушајќи ја како свири на пијаното. На неговиот погреб, Рони станува да одржи говор, но таа вели дека ниеден од говорите што таа претходно ги напишала не би можел да покаже колку прекрасен татко бил. На крај, таа отсвирела дел од едно музичко парче што татко и не успеал да го заврши. По погребот, додека Рони разговара со луѓето задолжени за послужување, таа налетува на Вил. Тие се смируваат, но не се заедно официјално сè уште. На крај на филмот Рони му кажува на Вил дека таа ќе се оди во училиштето Џулиард следниот семестар. Вил многу ја изненадува со тоа што и кажува дека ќе се префрла во Колумбија за да биде со девојката што ја сака.
Уреди Глумечка екипа (под слика) Од лево кон десно, членови на глумечката екипа Адам Барнет, Ник Лашвеј и Карли Чајкин одат кон снимањето на сцената со логорскиот оган од страна на шатор на островот Таиби на 30 јули во 2009 година. • Мајли Сајрус (Miley Cyrus) – Вероника „Рони Л. Милер“, нервозна, бунтовна девојка на 18 годишна возраст, присилена да го помине летниот период со нејзиниот оддалечен татко. • Грег Кинеар (Greg Kinear)- Стив Милер, татко на Рони и Џонах, како и поранешен професор на училиштето Џулиард, пијанист на концерти, кој се преселил во Џорџија по разводот со жена си. За време на летниот период, Стив повторно се поврзува со Рони преку нивната заедничка љубов кон музиката. Стив со помош на неговиот син Џонах, работи и на реконструкција на средишниот дел во локалната црква, на едно обоено стакло од прозорец, откако првичното било уништено во пожар. • Кели Престон (Kelly Preston) –Ким, мајката на Рони и Џонах, која што своите деца успеала сама да ги одгледа во Њујорк по разводот. • Лиам Хемсворт (Liam Hemsworth) –Вил Блејкли, славниот, искусен одбојкар на плажа, Вил има желба за студии на најдобар универзитет и волонтира во Џорџискиот аквариум. Негова љубов е Рони. • Боби Колман (Bobby Coleman) –Џонах Милер, помал брат на Рони , кој заедно со својата постара сестра се испратени на островот Таиби. • Ник Лашвеј (Nick Lashaway)- Маркус, момчето на Блејз, малтретирачки настроено кон нејзе, којшто раскинува со неа, бидејќи ја сака Рони. Тој има тепачка со Вил на свадбата на Меган и е предводник на една гангстерска група, која што изнудува пари преку спектакуларни жонглирања и игри со оган на карневали организирани на плажа. • Карли Чајкин (Carly Chaikin)- Блејз, бунтовник, која и станува пријателка на Рони во Џорџија. Блејз ја предава Рони дека краде по продавници, подметнувајќи и рачен часовник. • Адам Барнет (Adam Barnett)- Теди, млад насилник, експерт за жонглирање, вештина што ја користи во дружината на Маркус при изнудување на пари. • Ник Сарси (Nick Searcy)- Том Блејк, татко му на Вил. • Мелиса Ордвеј (Melissa Ordway)- Ашли, поранешната девојка на Вил. • Кери Малабре (Carrie Malabre)- Кејси, најдобрата пријателка на Ашли, што заедно со неа ја нервираа Рони. • Рода Грифис (Rhoda Griffis)- доктор • ЛансЕ. Николс (Lance E.Nichols) – Свештеник Чарли Харис, учтивиот, посветен свештеник во локалната црква. Тој беше учител на Стив по пијано, родител и најдобар пријател додека Стив растел. • Халок Билс (Hallock Beals)- Скот, љубоморен пријател на Вил, којшто се обидувал да направи проблеми помеѓу Вил и Рони. • Стефани Леиг Шлунд (Stephanie Leigh Schlund)- Меган Блејкли, постара сестра на Вил, којашто треба да се мажи.
Уреди Продукција Уреди Развој
(под слика) Глумицата Мајли Сајрус на шминкање за снимањето
„Последната песна“ започна кога извршниот продуцент Џејсон Рид се сретна со Мајли Сајрус да разговараат за нејзините планови во иднина. Во тоа време, Мајли Сајрус беше позната како поп ѕвезда која што глумеше на „Дизни каналот“ („Disney Channel“) во „Hannah Montana“ („Хана Монтана“), телевизиски серии за деца што се проширија на глобално ниво и воедно доби привилегија на многу медиуми. Како што привршуваа сериите, Дизни се надеваше дека ќе ја направи Мајли Сајрус повеќе од една поп ѕвезда и ќе ја претстави на постарата публика. На средбата со Рид, Мајли му соопштила дека сака да глуми во филм сличен на „Прошетка за паметење“, направен врз основа на еден роман на Николас Спаркс во 2009 година. Филмот „Прошетка за паметење“ и помогна на Менди Мур, која што беше тинејџерка поп ѕвезда како нејзе да создаде своја филмска кариера. Дизни го повикал Адам Шанкман, режисерот на „Прошетка за паметење“, којшто потпишал да снима филм со Сајрус заедно со неговата сестра и партнер од Offspring Entertainment Production, Џенифер Гибгот (Jennifer Gibgot). Тиш Сајрус (Tish Cyrus), мајката на Мајли и коменаџерот, станаа извршни продуценти на филмот. По претставувањето на Сајрус со глума, United Talent Agency (Агенција за таленти), контактираше со Спаркс, кој е исто така член на оваа агенција и го прашаа какви планови има тој, поточно дали планира да се направи филм за соодветниот роман во кој би глумела Сајрус.
Во тоа време, Спаркс ја правел корицата за „Среќниот“ и размислувал за оригинална содржина за неговата следна книга. Авторот си рече самиот на себе„ подобро да се биде помлад од 20, отколку постар од 50 години“, пишувајќи за секоја возраст. Како поучен од неговиот голем хит „Тетратка“, Спаркс повторно имаше започнато со пишување на тинејџерска приказна кога доби повик од Гибгот за филм во 2009 година. Спаркс се сеќава: „Џенифер праша дали сум излажал нешто? Јас реков не, но тоа смешно го кажа...“ Спаркс предложи договор на крајот на јули во 2008 година. Предлогот беше прифатен од Сајрус, нејзиното семејство, и „Офспринг Ентертаинмент“ (Offspring Entertainment), Спаркс, со помош на писателот на косценариото Џеф Ван Ви (Jeff Van Wie), завршувајќи го сценариото пред почетокот на филмот. Спаркс објасни дека бил потребен некаков договор со цел да се подготви снимањето на филмот за време на летниот период во 2009 година, по распоред на Дизни, но дека „ова е слично со начинот на кој се снимаат филмови врз основа на моите романи, поточно нема редослед.“ Спаркс и Ван Ви ја завршија последнатаподготовка на сценариото во декември во 2008 година, првата измена беше извршена истиот месец, а втората и последната измена беа во јануари 2009 година. Двете измени одзедоа еден-два дена, а Спаркс успеал да ги направи прилично едноставно. Завршеното сценарио беше долго околу 100 страници. Филмот „Последната песна“ не е првото сценарио напишано од Николас Спаркс, тоа било првото со план за снимање на филм. Романот бил завршен во јуни во 2009 година, тогаш започнало и снимањето на филмот, а излезе на 8 септември 2009 година од страна на Grand Central Publishing. Дејствието во филмот и романот остануваа во тајност преку нивниот развој.
(под слика)
Режисерот Џули Ан Робинсон разговара со вештиот координатор Кал Џонсон додека Лиам Хемсворт тренира со помош на тренерот за одбојка
Џули Ан Робинсон потпиша дека ќе го снима филмот во мај во 2009 година, примамен од емоциите присутни во приказната. Ова е прв игран филм на Робинсон, а сепак таа е стара и искусна на телевизија и во театрите.Претходно, Робинсон водела американски епизоди како што се „Црнила“ и „Вовед во анатомија“, а освоила и номинација на „Златен Глобус“ (Golden globe) и БАФТА наградите (BAFTA awards) за нејзината работа на Би би си за сериите „Вива Блакпул“ („Viva Blackpool“).
Еден блог во јуни 2009 година гласеше овака, Curys изјави дека "отсекогаш била обожавател на Николас Спаркс" и дека таа чекала да се производе нешто поразлично од франшизата „Хана Монтана“ „веќе долго време“, но не нашла време да го стори тоа поради нејзината ТВ емисија, музика, патувања и филмот „Хана Монтана“. Сè со цел да се направи филмот „Последната песна“, договорот со Сајрус "за четири сезони на Хана Монтана“ вклучува екстра долга пауза.
Уреди Пишување и наслов
Познавајќи ја популарноста на „Прошетка за паметење“ и како роман и како филм, Спаркс „стави ги сите (негови) мислења во него, обидувајќи се да направи приказна различна од „Прошетка за паметење“, колку (што може), но се обиде да ги вметне истите чувства. Неговото искуство како татко и како тренер за атлетика и трчање во средното училиште, исто така помогнаа во создавањето на дејството во филмот, а ликовите Јона Милер и Вил Блејкли се соодветни на двата сина на Спаркс, Ландон и Мајлс. Спаркс сметал дека Рони била најтешкиот лик за кого требало да се пишува сценариото, бидејќи таа „никогаш не била 17 годишна , лута тинејџерка.“ Рони стана најсложениот лик инспирирана од неколку млади жени што Спаркс ги познавал, на пример неговите внуки. Сајрус била инспирирана од Рони во мал дел од приказната, а нејзината музичка кариера ги инспирирала музичките елементи во приказната. Рони свири само на пијано,а Сајрус само пее во мал дел од филмот, така што таа придонела за нејзиниот саундтрак.
Дизни не го ограничува Спаркс во темите што се во „Последната песна“, која вклучува пиење на малолетници, неверство и неизлечлива болест, но Спаркс вели дека Дизни сакал да работи делумно со него поради тоа што „тие ги читаат моите романи. Моите тинејџери... тие не прават лоши работи. Јас не го пишувам тоа. Јас не пишувам за неверства, јас не пишувам вулгарности ... обично има љубовни сцени во моите романи, но тие се секогаш одобрени од возрасните. “ Спаркс признава дека елементи од сценариото можеби малку се ублажени од страна на директорот или во студио по завршувањето на снимањето на филмот. По заповед на Здружението на писателите на Америка (Writers Guild of America), Спаркс доби цел кредит за неговата работа и покрај тоа што износот на неговото оригинално сценарио што се задржа во филмот е неизвесно. На пример, Спаркс вели дека ликот на Маркус, водач на бандата на насилници, најверојатно се промени за снимањето на филмот.
Проектот остана без име неколку месеци по првиот состанок на Спаркс "со Дизни во јули во 2008 година. Во септември во 2008,Спаркс на еден онлајн разговор пишува дека „Јас имам идеја, но без наслов. Тоа е вообичаено за мене. Насловите се последни.“ Филмот требаше да биде назначен со наслов „Безимен проект на Мајли Сајрус“. Во март во 2009 година, магазинот Вариети (Variety), филмот го нарече „Последната песна“ привремено.
Уреди Кастинг
Сајрус го избра името „Рони“ за нејзиниот лик во чест на нејзиниот дедо, Рон Сајрус, кој почина во 2006 година. Непознато за многумина е тоа што карактерот првпат е именуван „Кирби“ од страна на Спаркс, а подоцна преименуван во „Хилари“. На нови интервјуа со Спаркс, тој открива дека тој ја замислувал Сајрус во таа улога „само малку“ за време на пишувањето. Откако се заврши сценариото, Спаркс се загрижи дека Сајрус нема да може успешно да ја одигра улога: „Првото нешто што го помислив кога го завршив сценариото беше, вау, се надевам дека таа може да го одигра ова, ова е тешка улога, затоа што ве водам низ целосен спектар од емоции, а вие имате само 16 години, што завршила со глумење на Дизни Каналот (Disney Channel). Дали може да го направите тоа како една глумица?“ По една посета на снимање на сцена со Сајрус, секакви грижи на Сајрус престанаа. Да се игра во еден Њујоршки тинејџерски филм, Сајрус работеше со тренер за дијалектизам за да го изгуби нејзиниот јужен акцент и научила да свири класично пијано. По завршувањето на снимањето, Сајрус рече дека во рамките на уметноста, таа многу созреала и „многу се променила“ по курсот во Грузија за време на летниот период, слично на начин како што Рони прави во филмот. „ Прикажувајќи го филмов, се чувствувам како јас навистина да откривам дел од моето растење како личност. Затоа, јас сум премногу возбуден порад тоа што луѓето ќе го гледаат.“ Во април во 2009 година, претставници на Дизни го избраа Рафи Гаврон (Rafi Gavron) за делот на Вил Блејкли, но беше сменет со австралискиот глумец Лијам . На 18 мај во 2009 година, одлуката беше донесена, Грег Кинеар да го глуми Стив Милер. Улогата на Кели Престон како Ким е првата улога што таа ја прифатила, по смртта на нејзиниот син, Џет Траволта. Откако бил претставен на Кал Џонсон, вештиот координатор на филмот, Адам Барнет влезе ќе го игра Теди во мај во 2009 што се должи на неговата претходно развиена талент во жонглирање и грабежи.
Снимањето [Уреди] Преместување во Грузија
Никој не знае што ќе се случи [...] Грузија ги сака лошо и ние ги сакаме лошо, и до понеделник, ќе има четири или пет други држави кои ги сакаат лошо.
-Бев Пердју, гувернерот на Северна Каролина
Последната песна што првично беше снимана на плажата Рајтсвил (Wrightsville Beach) и Вилмингтон (Wilmington)во Северна Каролина(North Carolina). Одговорните за снимање на филмот сакаат да се снимаат сцените на локацијата, па испитуваа три други држави и утврдија дека Џорџија е следното добро одредиште за снимање. Цените на домовите во Џорџија се повисоки, но пакет од државата за снимањето на филмот рефундираше 30% од трошоците при продукцијата како бензин, моливи и плати. Пакет на Северна Каролина рефундира 15% и се исклучени плати од над 1 милион долари. Сепак, Дизни остана заинтересиран за Северна Каролина и му понуди на филмот околу 1 милион долари или поливина милион ако државата го намали износот на компанијата што би се заштедиле во Џорџија. Службеници во Северна Каролина бараа начини да се оствари ова, вклучувајќи и применување кое беше неуспешно за државата и Фондацијата Златен Лист (Golden LEAF Foundation grants). Тие исто така, вовеле и легислатива за да се подобри враќање на државата до 25%, што помина најпосле и тоа на 27 август 2009 година. Дизни одлучи да работи без постоечките, поттикнувачки закони и се согласил да снима филм во Северна Каролина онолку долго колку што правата на филмот ќе се сметаат како трошоци на продукција, а со тоа заштедувајќи и на компанијата дополнителни 125.000 долари на 225.000 долари. Гувернерот Бев Пердју, на Северна Каролина гувернерот одржа прес конференција на 1 април 2009 година за да ја објави победата на државата. Даночниците во Северна Каролина одбиваат да ги разгледаат филмските права, принудувајќи го Пердју да се откаже од конференцијата во последната секунда. „Јас бев полн со надеж да речам доаѓа, а сега не знам дали треба да го кажам тоа“, изјави Пердју. „Никој не знае што ќе се случи [...] Не знам што тие сфатија од Џорџија, но Џорџија ги сака лошо и ние ги сакаме лошо, и до понеделник [6 април 2009 година], ќе има четири или пет други држави кои ги сакаат лошо. Џони Грифин (Johnny Griffin), директор на Вилмингтон Регионалната Филмска Комисија(Wilmington Regional Film Commission), објаснува: „ Дизни прави играни филмови. Тие исто така прават и телевизиски серии за каналот Дизни. Со овој проект, во суштина, ние губиме многу можности. “ Тој исто така ја забележува загубата на работни места и туризмот што снимањето го создаде.
На 9 април во 2009 година, по три месеци размислување, одлуката да се пресели во Џорџија беше конечна. За да се утврди одреден град, извидниците ја претресоа државата за стар, изолиран имот што излегува на океан за да се користи како дом на семејството Милер во филмот. По три месеци и откривањето на „Куќичката на Адамс“ на јужниот дел на островот Таиби, Таиби и соседните локации стана дел од снимањето на крајот од март, со цел да се маскира областа Вилмингтон и плажата Рајтсвил, Северна Каролина. Местото било многу необично. Ние имавме тежок период обидувајќи се да го скриеме фактот дека ова беше Таиби и Савана“, изјави Бас Хемптон (Bass Hampton),уредник на локацијата во филмот. Режисерите на филмот ги убедија писателите на сценариото да ја променат околината во која се снима филмот и островот Таиби, така што овозможувајќи им со тоа да ги вметнат симболите на тие места, како што се светлата станица на островот Таиби и историски предел Савана. Околината во која се снимале сцените од романот на Спаркс остана во Северна Каролина. Иако и други филмови се снимени на островот Таиби, „Последната песната“ е всушност прв филм што бил поставен во Таиби. Службеници на Џорџија предвидуваат траен ефект врз економијата, со прекривање на името на градот, со се од полициски до автомобили на стопанственици. Исто така, „Последната песна“ се проценува дека донесе 500 работни места тоа лето во Џорџија, 8 милиони долари за локалните бизниси и 17.5 милиони долари за државни бизниси.
[Уреди] Каде се одвива дејството во филмот
Двајца мажи, облечени во бели кошули и големи панталони се гледаат под дрвен павилјон. Едниот човек носи цевка што ја става во јама во песокот. Вториот човек оди кон него. Членови на екипажот во филмот инсталираат цевки од пропан и гасоводи за да се создаде контролирано горење за сцената со логорски оган.
Нелсон Коутс (Nelson Coates) е продукциски дизајнер, одговорен за сите визуелности во филмот. Коутс, кој беше номиниран за наградата Еми за неговата работа на Стефан Кинг (Stephen King) телевизиските минисерии „Штанд“, пристигнаа 11 недели пред почетокот на снимањето. Додека поголемиот дел од снимањето беше на прекрасниот остров Таиби или на одново конструираниот приватен имот, Коутс го контролираше бојадисувањето на пристаништето, создавање на карневалот и црквата.
Извидниците го пребараа целата околина барајќи некој стар, изолиран имот со океан пред себе, што ќе може да се користи како дом на Милерс за речиси три месеци пред извидникот Енди Јанг (Andy Young) да наиде на „Куќичката на Адамс“ на јужниот крај на островот Таиби. „Тоа беше добивање на нулта час“, изјави Јанг. "Често, тоа е за куќата. Тоа може да биде некој лик во филмот.“ Куќата на сопственикот, Сем Адамс (Sam Adams), го поздрави снимањето како „ една можност да се овековечи куќата“, во случај да се уништи од бури . Двокатна куќа со шест спални била изградена од прадедо на Адамс во 1918 година. Куќата беше целосно направена од борова шума со неколку обоени површини. Според новинарот на Савана утринските вести (Savannah Morning News), Лесли Кон (Lesley Conn), куќата била изградена во класичен стил за на плажа [... дизајниран] за да му се овозможи на ветре на океанот да дува низ широкиот, панорамски трем во ладните, соби од бор во средина на куќата.“
Црквата е изградена за време од шест месеци период во стар предел од аголот на 13тата Улица и Шестата Авенија, во близина на станбени згради. Еден простор е 2.000квадратни стапки (190 м2) со седишта за околу 80 луѓе и се очекува да чини 250.000 долари до 350.000 долари. Вил Пурцел, координатор за специјални ефекти резервирано се загрижил за горењето на црквата со тоа што констатирал дека зградата всушност не била запалена. Наменетиот заканувачки ефект се „сите агли на камерата. Тоа е безбедна средина за глумците да ја вршат својата работа.“ Неколку техники беа искористени за симулиција на оганот, вклучувајќи ја и употребата на цевки со пропан за исфрлање на пламен преку прозорците на црквата. На крајот на снимањето, Сајрус се надеваше да ја врати црквата назад на имотот на нејзиното семејство во Тенеси. Дизни се согласи да донира зградата на островот по службеници на Таиби лобираа да се задржи, со услов да не се рекламира поврзаност со „Последната песна“. Снимањето ќе се врши на нова локација, Во собата ќе бидат преместени на нова локација, а црквата била назначена за употреба во вид на капела за организирање свадбени свечености на острот, реновирањата треба да чинат околу 600.000 долари.
[Уреди] Распоред за снимање
Знамиња со сина, жолта и црвена боја подигнати на столбови, наредени во песокот на плажата. Знамињата се поврзани со жици за светлина. Океанот и луѓето се гледаат под во позадина. Остатоците од карневалот, како што се овие знамиња и светлина жици, повторно беа поставени за да се создаде илузија дека сцени на плажа биле снимени во крајот на јули за време на фестивалот.
Презафатениот распоред на Сајрус велеше дека снимањето мра да се случи во текот на летото. Спаркс истакна, "Таа има музичка турнеја, па мора да се врати на снимањето на Хана Монтана во пролет. Значи единствено слободно време што таа го има во нејзиниот распоред е преку текот на летото.“ Првичната фотографија започна на 15 јуни , 2009 година, а заврши на 18 август 2009 година. Снимање немаше за време на викендите.
На првиот ден на продукцијата, Сајрус и Хемсворт се бакнаа во океанот. Во другите сцени што се одржаа во јуни се карневалот и натпреварот по одбојка, и двајцата беа снимани на плажа во близина на притстанишетот на островот Таиби. Снимањето на пристаништето заврши на 23 јуни во 2009 година, откако се снимаше сцената во која Ким ги остава Рони и Јона да живеат заедно со Стив. Сцени од оганот во црквата беа снимени на 10 јули 2009 година. Снимањето во кампусот во Џорџија почна на 16 јули. Кинеар го заврши сето тоа на 17 јули 2009 година. Сцени од свадбата и сцената со возењето беа снимени во Вормсло (Wormsloe) историско место помеѓу 20 и 23 јули, за дванаесет часа секој ден. Сцените со возење на Островот на надежта (Isle of Hope) во Џорџија и продолжи на 28. Од 30 Јули, филмот пак се врати на островот Таиби за повеќе сцени на плажа. Чајкин ја намести Сајрус за кражба на часовник на 6 август. Хемсворт На 10 август извршил промена на маслото,а Сајрус пребарувала во еден бутик во центарот Савана за снимањето на филмот. Погребот беше сниман од 11 август во 2009 година сè до 13 август 2009 година во црквата на остров Таиби. Понатаму, сцени од запалувањето на црквата беа на 15 август. Забавата беше одржана на 16, а каретската екипа и сите други луѓе (екипажот) пристигна во Атланта, Џорџија следниот ден за да ги поминат последните денови од снимањето во Аквариумот во Џорџија. По извршеното истражување на областа на 17ти, филмот почна да се снима и на јавни места во зори на 18ти за да се избегне гужвата . Аквариумот за јавноста е отворен уште во 10:00часот, а снимањето на филмот се смени на местата позади сцената.
[Уреди] Големи морски желки
Една мала сива-кафена желка лежи на својот стомак на песок. Се наоѓа дијагонално на сликата со главата во долниот лев агол. Големи морски желки земаат улога во филмот, коишто се собирани од гнезда на островот Таиби и Сапело островот.
Поради конфликтни особини што ги имаат главните ликови, Спаркс се сочил со тешкотија при пронаоѓање на каков било начин за Рони и Вил да поминат извесно време заедно. „Тоа мораше да биде во летниот период, таа [Рони] мораше да биде нова во градот, а сè што се случуваше мораше да започне во јуни, а да заврши во август. Затоа што луѓето секогаш сакаат заклучок “, изјави Спаркс на неговите барања. Тој исто така спомена летен камп или летна работа како типичните средства кои ги користи во неговите книги, но ги пропушти како неоригинални и здодевни. „Па тоа е мора да биде оригинално, мора да биде интересно, истовремено треба да биде и универзално, да се почувствува дека тоа може да се случи секому.“ Спаркс најнеочекувано одлучи врската помеѓу Вил и Рони дабиде покрај гнездото со големите морски желки, знаејќи дека овие желски најчесто се изведуваат во месец август. Сцената со изведување од јајцата се снимаше во првата недела на месец август, а 26 живи морски желки беа изведени. Морските желки имаат вродено чувство за одење кон океанот веднаш штом ќе се изведат од јајцето, па сцените со тоа мораа брзо да се снимаат, изјави биологот Мајк Дод од Одделот за природни ресурси во Џорџија (Georgia Department of Natural Resources), кој го надгледуваше снимањето на сцената, изведувањето дали се одвива како што треба: Тие одеа до водата и отпливаа засекогаш“ . Спаркс во едно интервју рече дека режисерите дигитално би додале уште повеќе желки во сцената. Пред снимањето на таа сцена, големите морски желки се сметале како загрозен морски вид. Пријатната еколошка средина беше дополнителен бонус за островот Таиби, кој пак во тоа време промовираше екотуризам.
[Уреди] Постпродукција
Филмот „Последната песна“ влезе во постпродукција на крајот на снимањето на 18 август 2009 година. Промената на некои дијалози се одржа во средината на септември, Билс и Чајкин изјавија дека тие би снималеи на 11 септември и на 18 септември. Чајкин рече дека работела пет и половина часа. Режисерското намалување беше презентирано во студио на 1 октомвриз 2009 година. Здружението за фотографија во движење на Америка (Motion Picture Association of America) го прегледа филмот и издаде свој ПГ поради „ употреба на тематски материјал, малку насилство, сензуалност и благ јазик “ три недели подоцна.
[Уреди] Краен резултат и саундтракот
„Последната песна“ : Оригинален саундтрак
Саундтрак на албумот од страна на повеќе различни изведувачи
Објавен март 23, 2010 година Снимен 2009 година Жанр Поп времетраење 59:25 ознака Холивуд
„Кога гледам во тебе“, испеана од Мајли Сајрус, оригинално изведена од ЕП „Време на нашите животи“ („The Time of Our Lives“) објавено на 31 август 2009 година, но беше вклучена во саундтракот затоа што одговараше на филмот. Песната се користи во позадина на трејлерот за филмот.
На промоцијата на неговиот албум „Песна за успивање“ („Cradlesong “)на 30 јуни во 2009 година, Роб Томас изјави во Њујоршкте дневни вести (New York Daily News), „Другар ми Адам Шанкман, ко што го режираше филмот на Сајрус, еден ден ми се јави на телефон и рече вака „Мора да се напише песна за овој филм“... јас дефинитивно ќе напишам песна за неа [Сајрус].“ Сепак, Томас не беше во можност да напише музика за филмот „Последната песна“, поради „проблеми во распоредот“.
На саундтракот има песна од Кејси Мекферсон (Casey McPherson), фронтменот на бендот Алфа Рев (Aplha Rev) кој потпиша со Дизни Холивуд Рекордс (Disney Hollywood Records) во август 2008 година. Забелешките на Антони Д’Алесандро во магазинот Различно (Variety) велат дека користењето на музиката од саундтракот како „почетен блок за пишување“ за новите Дизни уметници е вообичаена практика. „Мојата друга страна“ од Алстар Викенд (Allstar Weekend) беше додадена на саундтракот. Тие се нова група потпишана под Холивуд рекордс (Hollywood Records) по освојувањето на Н.Б.Т. (N.B.T.) наградите на Дизни каналот. Саундтракот бил издаден во САД на 23 март 2010 година. Песната од 2006 година на Сноу Патрол (Snow patrol), „Затвори ги очите“, иако ја нема на саундтракот и песната што ја има во филмот „Чувствува се“ на Феист (Feist). Саундтракот имал голем напредок во продажбите на ДВДто по неговото пуштање во продажба таа недела. Саундтракот бил на 104 место на табелата со албуми Билборд 200 (Billboard 200).
[Уреди] Издавање (под слика) Сајрус ја пее „Кога гледам во тебе“ за време на нејзината светска турнеја „Вондер“ додека гледа во проекцијата на која во еден клип од филмот се Вил и Рони.
[Уреди] Маркетинг
По објавувањето на романот на 8 септември, Спаркс започна турнеја за книгите, одејќи околу 13 градови, давајќи неколку интервјуа. Тој објаснуваше за пишување на роман и сценариото. Сајрус и директорот на студиото на Волт Дизни (Walt Disney Studios), Дик Кук (Dick Kook) исто така зборуваше за филмот на 11 септември 2009 година на првиот D23 Експо (D23 Expo). Првитe клипови од филмот се појавиja на интернет на 11 септември 2009 година, во една рок верзија од филмот „Кога гледам во тебе“. Првиот трејлер на филмот беше интегриран во нејзината светска турнеја „Вондер“ и за првпат изведена за време на отворањето на турнејата на 14 септември 2009 година во Портланд, Орегон. Среде секој концерт, трејлерот беше прикажуван на големи видео платна околу цела сцена. Откако заврши целата турнеја, Сајрус отсвири на пијано и ја отпеа „Кога гледам во тебе“, додека клипови од филмот клипови беа прикажувани на големи екрани зад неа. На 16 ноември, во 2009 година, првите три фотографии од филмот беа објавени преку Фејсбук. Следниот ден, трејлерот на филмот беше премиерно прикажан на интернет. Филмот премиерно се одржа во Лос Анџелес на 25 март 2010 година. Сајрус првично планираше да оди на премиерата на филмот во Велика Британија, но не присуствуваше поради ерупција на вулканот Eyjafjallajökull на 14 април 2010 година дека ја покри Европа со вулкански пепел и ги забрани сите летови кон и од континентот.
[Уреди] Благајна Филмот „Последната песна“ излезе на 31 март, во среда, 2010 година. Тој добро се претстави во средата, собирајќи 5.125.103 долари на околу 3.300 екрани на 2673 театри, во просек 1917 долари по театар, а воедно беше и на врвот на дневниот извештај на секоја благајна. Тој се наоѓа на четвртото место во благајните во текот на викендот, што е 16.203.000 долари. Во текот на отворањето, во пет дена, филмот заработи 25.590.000 долари. Од 15 јули 2010 во филмот направи 89.041.656 долари ширум светот.
[Уреди] Блу реј и ДВД
Филмот „Последната песна“ беше издаден на ДВД и Блу реј на 17 август 2010 година, а на 6 септември 2010 година и во Велика Британија. Тоа беше објавено во Австралија на 4 август. Уште на 4 февруари 2011 година, се продадени 1.584.502 примероци во САД, со што 29.016.169 долари. Повеќе од 20