Портрет на Катарина Вучковиќ (Зографски)

Портрет на Катарина Вучковиќслика од Ѓорѓи Зографски, насликана во 1932 година која се наоѓа во Музејот во Смедерево. Димензиите ѝ се 32 х 20 см. Сликата не е сигнирана.[1]

Портрет на Катарина Вучковиќ
Творец Ѓорѓи Зографски
Година 1932
Димензии 32 см × 20 см
Место Музеј во Смедерево, Смедерево

Опис

уреди

Портретот на Катарина Вучковиќ, млада жена од Смедерево, е поинвентивно насликана од другите портрети од смедеревското раздобје. Моделацијата на лицето и вратот е добро речена, а линиите на цртежот ги следат контурите на волуменот. Сугестивниот поглед, стиснатата уста, самоуверенот став ја откриваат целата длабина на карактерот на овој елегантен лик. Судејќи споре насликаната длабина на пределот, најверојатно е сликан врз основа на фотографија. Независно од тоа, ова дело е едно од неговите подобри остварувања, духовно близок на бидермаерот, но со реалистични детали[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Марковиќ, Каменко. „О ПОРТРЕТНОМ СТВАРАЛАШТВУ ЂОРЂИ ЗОГРАФСКОГ – УОПШТЕ И О ЈЕДНОМ НЕПОЗНАТОМ ГРУПНОМ ПОРТРЕТУ – ПОСЕБНО“ (PDF). Посетено на 12 август 2024.