Портал:Кулинарство/Избрана кујна
Кинеската кујна (кинески: 中國菜) води потекло од разните региони во Кина и денес е распространета во речиси сите земји ширум светот.
Регионалните култури во Кина се разликуваат една од друга во голема мера, па така се разликува и нивната храна. Во Кина постојат осум главни регионални кујни: анхујска, кантонска, сечуанска, фуџиенска, хунанска, џеџианшка, џиангсуска и шандуншка. Постојат и будистичка и муслиманска поткујна во рамките на пошироката кинеска кујна. Прочитајте повеќе