Портал:Воздухопловство/Избран аеродром

Меѓународниот аеродром во Амстердам (IATA: AMS, ICAO: EHAM), е еден од најголемите аеродроми на светот. Официјалното име на аеродромот е Амстердам Шипхол. Шипхол се натпреварува за најзафатен аеродром во Европа, заедно со аеродромите во Лондон, Франкфурт и Париз. Во 2007 година, преку аеродромот беа превезени 47,793,602 патници, што го прави петти најзафатен аеродром во Европа, после Лондон, Париз, Франкфурт и Мадрид. Аеродромот е изграден како еден голем терминал кој е поделен во три хали за заминување. Третата хала беше проширена во 2007 година со уште еден дел наречен терминал 4. Поради презафатеност на аеродромот и поради високите такси кои се плаќаат за услуги на аеродромот, некои од ниско буџетните авиокомпании се одлучија своите летови да ги пренасочат кон помали аеродроми, како што се аеродромите во Ајндховен и Ротердам. Прочитајте повеќе