Портал:Биологија/Вовед
Биологијата (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува одликите и однесувањето на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко — анатомска организација како и нивниот биохемиско — физиолошки строеж. Сознанијата за живата природа постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своите пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни. Види повеќе…