Помхај бо
POMHAJ BÓH или на македонски Помхај бу (во превод Поможи бог) е весник на горнолужички јазик со евангелска (протестантска) верска содржина. Покрај содржините во врска со протестантските Горнолужички Срби има понекогаш и написи за протестантските Долнолужички Срби на долнолужички јазик. Списанието го издава Здружението на протестантските Лужички Срби. Помхај Бу излегува месечно. Помхај Бу бил основан 1891 од страна на свештеникот Фридрих Зеле (1860-1931). Претплатата за ова списание чини осум евра. Списанието го поддржува финансиски Фондацијата за лужичкосрпскиот народ.
Сегашна шефредакторка на списанието е Трудла Малинкова.
Одговорни уредници
уреди1891–1895 | Фридрих Зеле, свештеник во Кребја |
1895–1916 | Јан Гулч, свештеник во Будишинк и во Ракеци |
1916–1917 | Корла Август Фидлер, виш учител во пензија во Бауцен |
1917 | Марко Смолер, издавач во Бауцен (Будишин) |
1917–1937 | Корла Виргач, свештеник во Носачици |
1950–1955 | Божидар Добруцки, бивши свештеник во с. Будишинк, раководител на Лужичкосрпскиот културен институт во Будишин |
1955–1958 | Густав Мјерва, свештеник во Букеци |
1958–1979 | Герхард Вирт, свештеник во Њесвачидло |
1979–1984 | Цирил Пјех, свештеник во Риза |
1984–1999 | Зигфрид Алберт, свештеник во Будишин |
од 2000 | Трудла Малинкова, публицистка во Будишин и научна соработничка во Лужичкосрпскиот институт во Будишин (Бауцен) |
Извор
уреди- Мрежно место Архивирано на 22 декември 2014 г.