Не морате да станете корисник за да ја читате Википедија. Не морате да станете корисник ни за ја уредувате - секој може да ја уредува Википедија. Тоа е основниот Вики принцип. Сепак, најавувањето е бесплатно, а постојат многу причини зошто да се најавите.


Корисничко име

уреди

Кога се најавувате, треба да внесете Корисничко име. Сите измени кои ги правите на Википедија на македонски јазик додека сте најавени како корисник ќе бидат врзани за вашето корисничко име. То значи дека во Историјата на секоја страницата што сте ја уредила засекогаш ќе стои дека вие сте придонеле на таа страница. Кога не сте најавени, измените се бележат со вашата анонимна интернет адреса (низа броеви). Покрај тоа, можете да видите и листа на сите ваши придонеси со кликнување на врската моите придонеси, које се наоѓа во горниот десен агол кога сте најавени.

Ќе добиете и ваша лична корисничка страница, каде можете да пишете нешто за себа. Иако Википедија не служи за правење на своја домашна страница, слободно псотавете свои слики, пишете нешто за вашите хобија, мислења и сл. Многу корисници на својата корисничка страница ставаат листа на статии со кои најмногу се гордеат или врски кои им се најбитни.

Исто така ќе добиете и ваша лична страница за разговор, на која можете да разговарате со други корисници. Неа можете да ја видите ако отидете на вашата корисничка страница и кликнете на врската Разговор. Кога некој ќе ви пише на вашата страница за разговор, ќе добиете порака за тоа, на почетокот секоја страница ќе стои имате нова порака. Ако при најавата внесете и е-поштенска адреса, останатите корисници можат да ви пратат е-пошта, но сето тоа останува анонимно, корисникот кој ви ја праќа пораката не ја знае вашата адреса. Не морате да внете адреса ако не сакате.

Зголемена приватност

уреди

Кога се најавувате, не морате да откриете никакви лични податоци, дури ни е-поштенска адреса. Имате поголема приватност по најавувањето отколку пред. Сигурно се прашувате зошто? Кога не сте најавени, сите придонеси се бележат со вашата интернет адреса, што е низа броеви. Тоа значи дека другите корисини можат да откријат кој е вашиот интернет провајдер, а можат и отприлика да одредат од каде се поврзувате. Тоа можете да го избегнете со најава, бидејќи тогаш вашата интернет адреса веќе не се гледа.

Поголеми можности за уредување на текст

уреди

МедијаВики софтверот (опис на англиски: MediaWiki), на кој се заснова Википедија, има многу можност кои се на располагање само на најавените корисници. На пример, најавените корисници можат да означуваат измени како „ситни“ (видете Помош:Како да уредам страница).

Една многу важна особина која активните соработници често ја користат е врската мои набљудувани страници. Како најавен корисник, на секоја страница имате врска Набљудувај. Ако кликнете на неа, таа страница се додава во вашиот личен список на набљудувани страници. Врската мои набљудувани страници прикажува само измени на тие страници (за разлика од Скорешни промени, која ги прикажува сите измени на Википедија на македонски јазик).

Само најавени корисници можат да преименуваат страници, една многу важна можност за структурата и доследноста на Википедија.

За полесно снаоѓање во статии, најавените корисници можат да користат и уредување на секции, со кликнување на малата врска [Уреди] покрај насловот на дадениот оддел.

Поставки во МедијаВики

уреди

Можете детално да го одредите начинот на работа на МедијаВики. Можете да го промените изгледот на целата страница ако изберете друг стил на приказ (пр. „Шик“), можете да изберете изглед на математичките формули, дали врските ќе бидат потцртани и др.

Статус администратор

уреди

Администратори можат да бришат страници, заштитат страници од уредување, менуваат заштитени страници и блокираат корисници заради кршење на правилата на Википедија. Администраторите ја извршуваат волјата на вики-заедницата. Само најавените корисници можат да станат администратори. Ако сакате да поднесете барање за да станете администратор, треба некое време да соработувате на Википедија без влегување во конфликти со други корисници.