Инфокутија на Википедија е еден вид табела на која се сумирани најважните информации на таа статија и која служи за полесна навигација во статијата.

Создавање инфокутии

уреди

Бидејќи Википедија е слободна енциклопедија секој може и има право да направи инфокутија. Во англиската Википедија и некои други правењето на инфокутија има поголема процедура. Најпрвин треба да се предложи инфокутијата и задолжени корисници да се договорат дали навистина е потребна таа инфокутија. Ако се изгласа тогаш се известува тој што предложил и инфокутијата почнува да се изработува. Но македонската Википедија нема ваква процедура и затоа ако сте решиле да направите инфокутија само направете ја, а потоа ако одредени лица заклучат дека инфокутијата не е потребна или воопшто не функционира таа ќе биде избришана или преработена за да ги исполни стандардите.

Ако пак сакате да редизајнирате одредена инфокутија, ве замолуваме да се консултирате со соодвениот ВикиПроект кој работи на таа тематика.

Инфокутијата може а не мора да го користи предложната програма. Предложните инфокутии се само една од повеќето алтернативи. Видете го исто така и овој водич кој исто така може да ви помогне Википедија:Водич за стил (инфокутии).

За пример на инфокутија погледајте Предлошка:Инфокутија.