Полухордови (науч. Hemichordata) — мал тип на мали животни кои порано се сметаа за дел од хордатите. Меѓутоа, денес е докажано дека не поседуваат постанална опашка и нотохорд, поради што се сместени во овој тип.

Цреводишач (Saccoglossus sp.).

Тие се сите морски црвовидни животни. Постојат само околу 90 познати видови и сите тие се бентосни (живеат на морското дно) во нивната возрасна форма. Најмалите видови се само околу неколку милиметри долги, а најголемите, како што е Големиот баланоглосус (Balanoglossus gigas) можат да достигнат должина од 1,5 метри. Сите познати видови се хранат со мали честички од органска материја (филтерно хранење или јадачи на супстратот). Полухордовите може да се најдат во повеќето од светските води, и тоа во плитки крајбрежни води и во најдлабоките мориња.

Основниот телесен план е триделен. Првиот дел се нарекува протозом. Тој е изменета рилка (пробосцис) и кај многу видови е кратка. По протозомот следи ѓерданче кое ги носи пипалата кај пердувестожабрените животни, но не и кај цреводишачите. Третиот дел е трупот. Двете класи делат некои одлики, но многу се разликуваат по некои други.

Таксономија

уреди

Типот полухордови е поделен на две класи: пердувестожабрени животни и цреводишачи. Во поново време е откриен и еден вид Planctosphaera pelagica за кој се претпоставува дека спаѓа во нова класа на полухордови - Planctosphaeroidea.

Класа Enteropneusta: цреводишачи

уреди

Цреводишачите, со повеќе од 70 видови, го сочинуваат мнозинството од полухордовите. Живеат закопани во супстратот (кал или фин песок) или под карпи, во плитки и длабоки води. Хранењето е или филтраторно или со јадење на супстратот. Рилката е мала кај видовите со двата начина на хранење, а ѓерданчето е многу мало.

Супстратните јадачи како баланоглосусот (Balanoglossus clavigerus) од Средоземното Море се обично поголеми отколку филтраторите. Тие конзумираат големи количини на кал и/или песок и ја дигерираат органската материја која е во нив. Тие ги складираат екскретите на површината на телото, нешто слично како и со дождовниот црв. Цреводишачите ретко ги напуштаат своите живеалишта во калта или песокот.

Класа Pterobranchia: пердувестожабрени животни

уреди

Со само околу 10 или 20 видови, пердувестожабрените сочинуваат околу една петтина од полухордовите. Тие се мали животни кои варираат во големината од 1 до 12 милиметри. Живеат во многу подлабоки води отколку цреводишачите, а токму овој факт, како и нивните меки тела, се главна причина за нивното потешко проучување. Затоа, многу помалку се знае за нивната екологија.

Поврзано

уреди